- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 03
Додека Иран се подготвува за објавување на наследникот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон главниот фаворит – синот на ајатолахот, Моџтаба Хамнеи. Во интервју за „Аксиос“, Трамп јасно стави до знаење дека САД нема само пасивно да го набљудуваат изборот во Техеран. Коментирајќи ги најавите за именување на Моџтаба, Трамп беше дециден: „Тие го губат времето. Синот на Хамнеи е слабак. Морам да бидам вклучен во изборот, како што бев со Делси Родригез во Венецуела.“ Американскиот претседател предупреди дека прифаќањето на лидер кој би ја продолжил сегашната политика би значело само одложување на…
Безбедноста на македонските граѓани е најважна. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, информираше на социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Станува збор за процес што бараше сериозен ангажман на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции. Воедно, финализирана е постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне да ги реализира летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација…
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска направи увид во неколку проекти во Струга, заедно со градоначалникот на Струга, Менди Ќура и директорите на јавните претпријатија, како и заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири. „Денеска во Струга го покажуваме нашиот „Зелен пресврт“ на дело, преку создавање на трајни системи а не со привремени решенија. Инвестираме во три клучни проекти кои значат поквалитетен живот за стружани и трајна заштита на Охридското езеро: поотпорен и безбеден водоводен систем, пат со пешачка патека и продолжување на изградбата на колекторскиот систем Радожда-Калишта. Здравјето на стружани и заштитата на животната…
На предлог на Министерството за транспорт, пратениците во Собранието денеска ги изгласаа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште. Со измените на овие два суштински закони го потикнуваме економскиот развој на државата и општините, озоможуваме поквалитетни услуги за граѓаните и рационално користење на јавните добра. Со измените на Законот за градежно земјиште за прв пат овозможуваме јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата (оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациони системи, гасоводни мрежи, нафотводи, итн). Тоа подразбира конечно вооспоставување на ред во линиската подземна инфраструктура со што се овозможува нивно впишување во евиденцијата во Катастарот на…
Мицкоски се сретна со претставници на нафтената индустрија, информираше премиерот на ФБ. Заклучокот од средбата бил дека се е под контрола. „Имав средба со претставници на нафтената индустрија во државата. Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби.“, напиша премиерот на ФБ.
Израелската војска (ИДФ) денеска објави дека во воздушен напад во Триполи, најголемиот град во северен Либан, е убиен командантот на палестинското милитантно движење Хамас, Васим Аталах Али, задолжен за обука на борци во таа земја, додека судирите на Израел со либанското проиранско милитантно движење Хезболах продолжуваат и се шират во северен Либан. Според соопштението на израелската војска, Али бил одговорен за обука и воени вежби за вооружените крила на Хамас во Либан и бил опишан како оперативец кој „промовирал терористички напади што би ги загрозиле израелските цивили и припадниците на израелските одбранбени сили“, објавува Ал Џезира. Војската во објава на…
Групата македонски државјани кои беа евакуирани од Израел и патуваа преку Египет, се очекува вечерва околу 20 часот да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје. Според најавите од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), на аеродромот патниците ќе бидат пречекани од заменик-министерот Зоран Димитровски. Покрај оваа група, бројот на македонски граѓани кои побарале помош од подрачјата погодени од конфликтот постојано расте. Досега, до македонските амбасади се обратиле: Министерството информира дека веќе е разработен план за нивно враќање: „Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои…
Тензиите на Блискиот Исток се прелеаја и во Кавкаскиот регион откако денеска беа извршени напади со беспилотни летала од правец на Иран врз автономната република Нахчиван во Азербејџан. Цел на нападите беше цивилна инфраструктура, вклучувајќи го Меѓународниот аеродром Нахчиван и едно училиште. Последици од нападите: Како директен одговор на оваа агресија, владата на Азербејџан донесе одлука за итна блокада на границата со Иран. „Со оглед на моменталната ситуација што произлезе од овие напади, кои се спротивни на нормите и принципите на меѓународното право, владата донесе одлука за привремено целосно прекинување на движењето на камиони, вклучително и оние во транзит, на…
Американската актерка Меган Фокс се врати на Instagram со стил позирајќи во атрактивно издание и воодушевувајќи ги следбениците на социјалната мрежа. Нејзиниот поранешен свршеник Машин Ган Кели исто така реагираше на фотографиите. Таа позираше во маица и танга, а „жешкото“ издание го комплетираше со високи чорапи и штикли со платформа на кои беа нацртани листови од канабис. „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“, рече таа во описот на објавата, која собра повеќе од три милиони лајкови. View this post on Instagram A post shared by Megan Fox (@meganfox)
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик. Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил…
