Author: Author 03

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри пораки до Техеран, нагласувајќи дека неговата администрација цели кон комплетна промена на владејачката структура во Иран. Како што објави „Ен-Би-Си Њуз“ (NBC News), овие коментари доаѓаат во период на ескалација на воените дејствија, непосредно по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи минатиот викенд. Во директно телефонско интервју за медиумот, Трамп беше дециден во своите намери: „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, изјави тој. Претседателот откри дека веќе размислува за потенцијални фигури кои би можеле да го преземат раководството на земјата. „Сакаме тие да имаат добар лидер. Имаме неколку луѓе за кои мислам дека…

Повеќе

Панче Тошкоски самиот на себе си покажа дека треба да си даде оставка, реагираат од СДСМ. „Денеска вели дека „потребен е поефикасен институционален одговор„ за спречување на семејното насилство. Па кој ја води една од најголемите институции – МВР? Опозицијата? Или Панче Тошковски? Од кого бара поефикасен одговор Тошковски? Од себе? До толку бега од одговорноста што како да е опозиционер, спремен е од самиот себе си да бара поефикасен одговор само да не даде оставка. Уште колку жртви, уште колку случаи треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка? Проблемот почнува од врвот. Рацете ви се крвави!…

Повеќе

По повод 7 Март – Денот на учителот, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во просториите на Општина Чаир пречека претставници од образованието и пензионирани просветни работници, при што беа доделени признанија за истакнати наставници и за нивниот долгогодишен придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации. „Учителите се темелот на секое здраво општество и секој успех на младите генерации е резултат на нивната посветеност и работа. Затоа образованието останува постојан приоритет за Општина Чаир,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Општина Чаир продолжува со инвестиции во образованието преку опремување на училиштата, реновирање на постојните објекти и изградба на…

Повеќе

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип бележи два случаи на семејно насилство во Штип и Виница. Вчера во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 38 годишниот С.Д. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди констатирани во Клиничка болница Штип. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вториот случај е во виничко село. -На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода 59 годишниот Б.Т. од…

Повеќе

Претседателот Доналд Трамп ја разреши Кристи Ноем од функцијата министерка за внатрешна безбедност, што е прва оставка во неговиот втор мандат. На нејзино место, Трамп го номинираше сенаторот од Оклахома, Маркван Малин, потегот што беше објавен на социјалните мрежи по бурното сослушување на Ноем во Конгресот. Иако заминува од министерската позиција, Ноем не ја напушта администрацијата. Трамп ја назначи за „специјален пратеник за штитот на Америка“ – целосно нова стратешка улога фокусирана на безбедноста на Западната хемисфера. Клучни причини за ротацијата: Заминувањето на Ноем става крај на еден од најконтроверзните периоди за овој ресор, додека Маркван Малин сега ја презема…

Повеќе

Филипче нема што да каже па ја замајува јавноста, но не дава конкретни одговори. Секако затоа што и нема. Нема што да каже затоа што јасно е како ден кој негувал добри односи со држави како Русија и Белорусија, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ. Не само што имале добри односи, туку и на блиски соработници на Путин и Лукашенко, како осудениот криминалец Александар Онишченко на кој му дале македонско државјанство, а на белорускиот конзул Борче Марковски му доделиле 77 тендери од кои 66 во вредност од 141 милион евра од ЕСМ. Сакајќи да прави дефокус од проблемите во партија и од…

Повеќе

Вечерва, на Меѓународниот аеродром во Скопје ги пречекав првите македонски државјани кои беа евакуирани од Израел. По копнен пат, преку Египет и со владиниот авион, тие безбедно пристигнаа дома. Во вакви моменти најважно е нашите граѓани да знаат дека државата е тука за нив. Благодарение на координацијата меѓу институциите и посветеноста на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, евакуацијата беше успешно организирана – од Тел Авив до Шарм ел-Шеик, па сè до Скопје. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојана комуникација со сите наши државјани кои се наоѓаат во погодените региони и продолжува со активностите за нивно безбедно враќање дома.…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата Клик Плус на ТВ 21 посчи дека дека изборот на нов обвинител од страна на владата е компромитиран од партиски влијанија и дека таквата пракса го загрозува независното судство во земјата. „Кој предлог и да дојде во Собранието ќе разговараме, иако гледајќи како се поставуваат во Владата, прилично сум сигурен дека до предлог нема да дојде, само ако не може да се договорат со некој дека ќе им биде слепо послушен.“, истакна Филипче. Тој додаде дека ваквите пракси се дел од поширок проблем со партизација на правосудството, што влијае на довербата на граѓаните…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик Плус“, на ТВ 21, го отвори прашањето, дали  премиерот Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го информирал дека ќе го враќа името на државата и за излегување од НАТО сојузот. „Што разговарал премиерот Мицкоски со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дали го користел уставното име, дали на и него му кажал дека ќе го враќа претходното име Поранешна Југословенска Република Македонија и дека ние ќе излеземе од НАТО? Или сега е свесен какви бенефити има државата од тие политики со кои што тој…

Повеќе

Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што ги носеше владата на СДСМ, а благодарение на кои Македонија денес е во најмоќниот воен сојуз, што е најсилниот штит за државата. „Конечно е јасно во ситуација кога има кризи на повеќе места во светот што значеле државничките и визионерски би рекол политики на СДСМ во…

Повеќе