Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името?

    Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името?

    05.03.2026 во 22:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик Плус“, на ТВ 21, го отвори прашањето, дали  премиерот Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го информирал дека ќе го враќа името на државата и за излегување од НАТО сојузот.

    „Што разговарал премиерот Мицкоски со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте,  дали го користел уставното име, дали на и него му кажал дека ќе го враќа претходното име Поранешна Југословенска Република Македонија и дека ние ќе излеземе од НАТО? Или сега е свесен какви бенефити има државата од тие политики со кои што тој не се согласуваше додека беше во опозиција.  Многу е важно да знаат граѓаните кој е кредибилен со своите изјави, затоа што луѓето пратат свесни се и не може да се прелажат по кој знае кој  пат, затоа што тоа еднаш веќе на Христијан Мицковски на ВМРО-ДПМНЕ им успеа во минатото“, рече Филипче.


    Во интервјуто Филипче нагласи дека раководството на НАТО будно прати што се случува во Македонија.
    „Генералниот секретар Марк Руте кажа дека е јасно дека Иран се групира заедно со Русија и Кина, спротивно на интересите на САД и НАТО.Што ќе кажат членовите на владата и премиерот кога секојдневно еве и ние вадиме информации дека имаат тесни врски со луѓе кои што имаат врска со Русија. Не одговорија на прашањето кој е Душан Адамовиќ, ново поставениот конзул на Македонија во Србија, човек кој вели дека Македонија е окупирана територија српска територија кој што негува блиски односи со Русија. Каков е одговорот за релациите на вицепремиерот, Иван Стоиљковиќ кој има отворени состаноци со „Ноќните волци“ луѓе блиски до рускиот претседател Путин, за кои што ќе повторам, генералниот секретар на НАТО Марк Руте кажува дека е спротивно на интересите на НАТО и САД“, потенцираше Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.