Author: Author 03

На 22.01.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, Г.Г.(48) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на игралиште на подрачје на Центар во Скопје, три лица, од кои едниот со употреба на остар предмет, со закани од неговиот малолетен син, кој бил со двајца другари, одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Шпанија одлучи да не се приклучи на „Одборот за мир“ инициран од американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека предложениот механизам има преширок и нејасно дефиниран мандат, се позиционира надвор од институционалната рамка на Обединетите нации и ја изоставува Палестинската управа од процесите за решавање конфликти, вклучително и војната во Газа. По самитот на Европската Унија во Брисел, шпанскиот премиер Педро Санчез порача дека Мадрид останува доследен на принципите на мултилатерализмот, меѓународното право и легитимитетот на ОН, нагласувајќи дека овие столбови се клучни за секоја одржлива мировна иницијатива. Иницијативата беше претставена на Светскиот економски форум во Давос како платформа наменета за…

Повеќе

Претставници на Русија, Украина и Соединетите Американски Држави денеска се состанаа во Абу Даби, со што официјално започнаа првите трилатерални разговори од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Средбата се оценува како исклучително значајна за Киев и се смета за тест кој треба да покаже дали Москва е подготвена искрено да се вклучи во мировен процес или, пак, разговорите ги користи како тактика за добивање време. Овие преговори доаѓаат по неодамнешната средба на рускиот претседател Владимир Путин со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп во Москва. По таа средба, Кремљ соопшти дека разговорите биле „корисни“, но…

Повеќе

Данска издала воена наредба со која трупите распоредени на Гренланд се ставаат во зголемена подготвеност, вклучително и можност за борбено дејствување во случај на напад од Соединетите Американски Држави врз оваа автономна територија, објави данскиот јавен сервис „ДР“. Според информациите на „ДР“, наредбата била издадена минатата недела и предвидува војниците на Гренланд да бидат опремени со боева муниција. Во документот, како што се наведува, се опишува „операција во повеќе фази“, која остава простор и за евентуално испраќање дополнителни војници и воени капацитети во подоцнежна фаза. Јавниот сервис не објави конкретни детали од планот, а информацијата ја пренесува и британскиот весник…

Повеќе

Во тек е средбата на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот американски пратеник Стивен Виткоф и со бизнисменот Џаред Кушнер, соопшти прес-службата на Кремљ. Главна тема на разговорот е изнаоѓањето решение за конфликтот во Украина. Како што претходно најави Путин, со американските преговарачи планирано е да се разговара и за евентуалната покана до Русија за приклучување кон Одборот за мир, како и за судбината на дел од руските имоти кои беа замрзнати во САД за време на претходната американска администрација. Се очекува детали за исходот од средбата подоцна да соопшти помошникот на шефот на државата, Јуриј Ушаков, преку телефонски брифинг…

Повеќе

Иако со децении беше една од најфотографираните жени во светот, кралицата Елизабета II, таа имала мала, многу човечка несигурност. За разлика од многу познати личности, тоа не била строга забрана или кралско правило, туку лична непријатност што со текот на времето прерасна во интересна анегдота. Британскиот фотограф Ранкин, кој ја фотографираше кралицата по повод нејзиниот Златен јубилеј во 2002 година, подоцна откри детаљ од снимањето што го изненади во интервјуа и како гостин во подкастот „Tea With Twiggy“. Кога ѝ предложил да позира држејќи меч – симболично, моќно и кралски – Елизабета, според него, го погледнала и едноставно рекла: „I…

Повеќе

Данска гледа можност за нови преговори со Соединетите Американски Држави за зајакнување на безбедноста на Гренланд, по објавувањето на рамковниот договор меѓу претседателот Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. -Се отвори можност повторно да водиме реални преговори меѓу Данска и Гренланд, од една страна, и САД, од друга страна, изјави данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Марија Малмер Стенергард во Стокхолм. Трамп во Давос изјави дека разговорите со Руте резултирале со „рамковен договор“ за автономната данска територија. Иако деталите за компромисот не се објавени, Трамп истакна дека САД…

Повеќе

Трансатлантските односи дефинитивно претрпеа голем удар минатата недела, но мислам дека во оваа една година научивме дека овие односи не се исти како што беа претходно, изјави вечерва високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел. – Ние од европска страна, не сме подготвени да ги отфрлиме 80-те години добри трансатлантски односи поради несогласувања и сме подготвени да работиме на нив, рече Калас, додавајќи дека и мнозинството Американци ја гледаат Европа како свој најголем сојузник, па затоа ЕУ е подготвена да инвестираме време и енергија во тие…

Повеќе

Данска гледа можност за нови преговори со Соединетите Американски Држави за зајакнување на безбедноста на Гренланд, по објавувањето на рамковниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Се отвори можност повторно да водиме реални преговори меѓу Данска и Гренланд, од една страна, и САД, од друга страна“, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Марија Малмер Стенергард во Стокхолм. Трамп претходно, на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека разговорите со Руте резултирале со „рамковен договор“ за автономната данска територија. Иако деталите за постигнатиот компромис…

Повеќе

Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и позицијата на Македонија во актуелните геополитички динамики. Стефаноски оцени дека глобалниот поредок се наоѓа во фаза на трансформација и дека се менуваат политичките, економските и безбедносните рамнотежи на светско ниво. -Глобалниот светски поредок се распаѓа и се создава нов поредок. Тоа е динамичен процес кој отсекогаш се одвивал, рече тој, додавајќи дека САД настојуваат да го предводат новиот глобален безбедносен модел. Во анализата беше поставено прашањето како Македонија…

Повеќе