- Гeрасимовски: Центар сам ќе се грижи за хигиената, доколку Градот нема решение
- СДСМ поднесе законски измени: Министрите без двојно државјанство, бараат правилото да важи веднаш
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС во координација со српски опозиционери за формирање фронт во Србија
- „Повардарие“ онлајн – Нови дигитални алатки за економски раст и регионална промоција обезбедени преку „ЕУ за општините“
- Артан Груби останува во куќен притвор – судот ја продолжи мерката за 30 дена
- Се огласија од ОЈО: Сејдини е уапсен за проневера и злоупотреба
- ВЛЕН: Албанските културни институции се зајакнуваат – најавени нови вработувања во Тетово и Скопје
- Битола гради „паметен“ водоводен систем: Со швајцарска поддршка, ЈКП „Водовод“ оди кон целосна дигитализација
Author: Author 03
Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор. Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот. Привремено му е одземен пасошот. Од Обвинителството дале и приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот Суд, бидејќи сметале дека Апелационит суд треба да одлучува. Во јануари годинава битолското Обвинителство поднесе…
На 22.01.2026 во 10:50 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен А.М.(34) од с.Ваташа, кавадаречко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Компанијата ТикТок соопшти дека постигнала договор со кој ѝ се овозможува на популарната апликација за кратки видеа да продолжи да функционира во Соединетите Американски Држави, со што се става крај на долгогодишната неизвесност околу нејзиниот статус на американскиот пазар. Договорот доаѓа по повеќегодишниот спор меѓу Вашингтон и Пекинг, кој започна за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, кога беше направен обид за забрана на апликацијата поради загриженост поврзана со националната безбедност и заштитата на податоците. Според претходно усвоените законски одредби, ТикТок требаше да биде забранет во САД во јануари 2025 година доколку неговиот кинески сопственик ByteDance не…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро реагираше на настапот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, обвинувајќи го дека ги критикува Унгарија и европските лидери во исто време кога бара зголемена поддршка за Украина. Во својот говор во Давос, одржан во четврток, Зеленски ја опиша Европската Унија како „прекрасен, но фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“, оценувајќи дека Унијата не е доволно подготвена да се соочи со руската агресија и со другите глобални безбедносни ризици. По ваквите пораки, Орбан возврати со обвинувања дека Зеленски „ја преминал границата“ со тврдењата дека поддршката за Украина е недоволна, дека…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Гостивар, од 30 – 40м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 100м. на патниот правец Делчево – Пехчево, до 50м. на планинскиот превој Плетвар и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато, информира ЈП Македонијапат. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,…
Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, во кој за време на новогодишна забава загинаа 40 лица во пожар, е пуштен на слобода откако судот одлучи да му го укине притворот. Како што соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале, Жак Морети е пуштен на условна слобода. На него му се изречени строги мерки на претпазливост, меѓу кои предавање на личните и патните документи, забрана за напуштање на земјата, обврска секојдневно да се јавува во полиција, како и плаќање кауција. Судот наведе дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, средства за кои се тврди дека потекнуваат…
Повеќе од 100 лица се уапсени во Косово поради сомневања за масовно фалсификување на резултатите од парламентарните избори одржани на 28 декември, а надлежните институции наредија целосно повторно пребројување на гласовите, соопшти обвинителот од Призрен, Петрит Кријезиу. Тој наведе дека станува збор за сериозен и организиран обид за нарушување на изборниот процес. „Станува збор за организиран обид и директна намера за поткопување на резултатите и волјата на граѓаните“, изјави Кријезиу, додавајќи дека 109 лица се приведени поради фалсификување на изборни резултати, вршење притисоци и заплашување, како и поради активна и пасивна корупција. Според неговите зборови, постојат сериозни сомнежи дека биле…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Европската демократска партија (ЕДП) одсега ќе функционираат како еден политички субјект. Ова е исходот од денешната официјална средба меѓу претседателите на двете партии, Али Ахмети и Аријанит Хоџа. Според заедничкото соопштение, одлуката следува по јавниот повик на ДУИ за обединување на албанските политички партии кои споделуваат иста визија за достоинствена застапеност и европска иднина на Албанците во Македонија. Со договорот, ЕДП се интегрира во рамките на ДУИ, обединувајќи ги организациските, програмските и човечките капацитети. Целта на обединувањето е зајакнување на институционалната застапеност на Албанците и забрзување на евроинтеграциските процеси во државата. Следниот чекор е…
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“. „ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме и во блиското минато. Потребна ни е безбедна држава, правична држава. Денес, не утре! За 6 месеци ќе иницирам дебата со избирачите, особено во мојата изборна единица да се види како оди спроведувањето на законот и дали треба нешто да…
Методија е татко на две малолетни деца и во моментов се соочува со најтешката битка во животот- соочен е со дијагноза рак на желудник. Семејството бара помош во нивната заедничка борба да ја победат болеста. „Што им кажуваш на децата кога тато се бори за живот? Јас сè уште го барам одговорот… Мојот сопруг Методија, татко на нашите две деца од 10 и 14 години, се соочи со дијагноза која ни го смени животот преку ноќ – рак на желудник. Веста дојде ненадејно и нè остави без здив, без време за подготовка, само со еден страв – дали ќе успееме.…
