Close Menu
Press24
    Најново

    Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, потврдија од „Водовод и канализација“

    05.08.2026 во 15:51

    Тешка кражба во Општина Сарај: Украдени пари од прометот на ЈКП Сарај

    05.08.2026 во 15:45

    Една скопска улица утре ќе остане без струја – ќе се заменува искривен столб

    05.08.2026 во 15:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, потврдија од „Водовод и канализација“
    • Тешка кражба во Општина Сарај: Украдени пари од прометот на ЈКП Сарај
    • Една скопска улица утре ќе остане без струја – ќе се заменува искривен столб
    • СДСМ: Владата на Мицкоски го призна бизнисот со вода и тоа во време кога граѓаните на Гостивар се труеле
    • Вонреден инспекциски надзор во Злокуќани: Откриени дивоградби и исчистен кабаст отпад
    • Момче физички ја нападнало својата 20-годишна девојка на булевар во Кичево
    • Ужас во Новаци: Тетка со нож го напднала внукот
    • Словак падна на скопскиот аеродром – го барале со меѓународна потерница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа потписи: Ќе се градат катни гаражи околу Комплекс клиники

    Паднаа потписи: Ќе се градат катни гаражи околу Комплекс клиники

    07.03.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција информираа дека е потпишан договор за закуп со Град Скопје, со што се овозможува изградба на катни гаражи во кругот на комплексот клиники.

    -Со договорот се создаваат услови за системско решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во кругот на клиничкиот центар, како еден од клучните приоритети за подобрување на пристапот на пациентите и условите за работа на здравствените работници. Договорот е склучен на период од 15 години и предвидува закупнина во висина од 10 проценти од вкупно остварениот промет. Со неговата реализација се очекува модернизација на системот за паркирање и зголемување на капацитетите за паркирање за околу 50 проценти, истакна министерот Алиу.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека на самиот почетокот од решавањето на проблемот со паркинг просторот ќе бидат изградени две катни гаражи, со што ќе се добијат најмалку 500 нови паркинг места.

    „Ова е капитален проект не само за градот Скопје, туку и за цела Македонија, бидејќи доаѓаат пациенти од целата држава“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Согласно договорот, Град Скопје има обврска во рок од 60 дена да достави акциски план со конкретни рокови за спроведување на активностите поврзани со организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во комплексот.

    Во рамки на проектот е предвидена и комплетна дигитализација и мониторинг на паркирањето. Ќе бидат поставени информативни табли и дигитален систем за насочување на граѓаните, како и таканаречен „паметен паркинг систем“ со сензори за детекција на слободни паркинг-места, камери со автоматска регистрација на возила и мобилна апликација за информации, резервации и плаќање во реално време.

    Проектот опфаќа и урбано и хортикултурно уредување на просторот, со ново зеленило, пешачки патеки и модерно LED осветлување. Со ова решение се очекува значително подобрување на сообраќајниот режим и условите за пристап до здравствените услуги во кругот на Клиничкиот центар.

    Прочитај повеќе

    Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, потврдија од „Водовод и канализација“

    05.08.2026 во 15:51

    Тешка кражба во Општина Сарај: Украдени пари од прометот на ЈКП Сарај

    05.08.2026 во 15:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.