Author: Author 03

Вчера СДС покажа дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација. На вчерашната прес-конференција, Каја Шукова, копираше кампањи кои се веќе видени во регионот, и за целосно да го долови штосот на СДС преку ова се обиде да ја искористи последната трагедија  во земјата како повод за внимание и интерес, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е на сите дека е преземено од Србија, без никаква врска со македонската реалност, и потврда дека во СДС нема автентичност, креативност, идеја, визија, а ниту суштина. СДС продолжува да го прави тоа што го знае најдобро, да копира…

Повеќе

Денешниот ден ќе помине во знак на облачно и релативно тивко време. Според метеоролозите, во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат услови за слаби врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од минимални -1 до 4 степени, додека дневниот максимум ќе достигне меѓу 12 и 16 степени. Прогноза за Скопје: Во главниот град ќе преовладува претежно облачно време со повремени краткотрајни сончеви периоди. Постојат услови за појава на слаб локален дожд, а ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во Скопје ќе се движи од 4 до 16 степени. Што нè очекува во наредните денови? Според Управата за…

Повеќе

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) соопшти дека од денеска започнува процесот на евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток. Акцијата ќе се спроведува со комерцијални чартер-летови, за што веќе е склучен договор со авиокомпанија по спроведена законска постапка. Според утврдената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите граѓани кои досега изразиле подготвеност за враќање во татковината. Преглед на пријавените граѓани по региони: Бројките покажуваат голем интерес за асистенција кај нашите државјани во неколку земји: „Завршувањето на постапката за јавна набавка претставува потврда за навременото и одговорно постапување во насока на заштита и…

Повеќе

Кипар би поднел апликација за членство во НАТО „уште утре“, но тоа во овој момент е политички невозможно – порака што претседателот Никос Христодулидис ја испрати на 7 март 2026, во време кога островот повторно се најде на безбедносна мапа поради нападите и ескалацијата во поширокиот регион. Оваа изјава звучи како дипломатски сигнал за подготвеност, но зад неа стои старо ограничување што Кипар не може да го „прескокне“: НАТО прима нови членки со консензус, а Турција – членка на Алијансата – со години е најголемата пречка за кипарска евроатлантска интеграција. Затоа Христодулидис отворено признава дека апликацијата не може да се…

Повеќе

Дозволете да ги известам граѓаните и јавноста, дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го откажува традиционалниот марш за 8 Март, кој што требаше утре да се одржи во Богданци и се приклучуваме на протестот „Нема да не снема“ – СДСМ ќе биде со граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Венко Филипче. И оваа година како и секоја од изминатите требаше да го одбележиме 8 Март со традиционалниот марш, да славиме за достигнувањата на жените, но и гласно да бараме подобрување на нивната положба во општеството. Но трагичниот настан којшто се случи во Скопје, смртта на мајката и детето не остави длабоко потресени.…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ упати серија остри пораки и тврдења, наведувајќи дека Иран бил принуден на повлекување по жестоките напади од САД и Израел. Според него, Техеран веќе им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток со ветување дека нема повторно да ги нападне. „Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел,“ напиша Трамп, додавајќи дека Иран, кој претходно се обидувал да ја преземе контролата врз регионот, сега за прв пат во историјата е поразен од соседните земји. Најава за нови цели и „целосно уништување“ Трамп во својата објава…

Повеќе

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи одлуки врз основа на методолгоија. – Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од…

Повеќе

На 08.03.2026 (недела) со почеток во 12:00 часот, поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената, кој ќе се одвива со траса на движење од пред парк Жена Борец на ул.„11 Октомври“, во продолжение по ул.„Димитрија Чуповски“, десно по ул.„Даме Груев“, во продолжение по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“, десно по бул.„Климент Охридски“, лево по ул.„Ристо Шишков“, десно по ул.„Благоја Страчков“, десно по ул.„Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и завршува кај парк и спомен плочата во чест на „Вера Јоциќ“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. СВР Скопје апелира до сите…

Повеќе

Голем пожар денеска избувна во околината на Штип, каде огнената стихија зафати помошни објекти и вегетација. Најдраматичните моменти се забележани при обидите да се евакуира добитокот кој бил загрозен од пламенот. На објавените видео-снимки се гледа како мештаните и сопствениците, во паника и под густ чад, панично ги извлекуваат козите и јарињата од зафатените штали за да ги спасат од сигурна смрт. Екипите на Територијалната противпожарна единица од Штип веднаш излегле на терен за да го локализираат огнот и да спречат негово дополнително ширење кон станбени објекти. Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неделава се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител. -Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот, рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Повеќе