- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 03
ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по повод Меѓународниот ден на жената ја истакнуваат улогата на новинарките во одбраната на јавниот интерес и потребата од поголема родова еднаквост во медиумската индустрија. Тие се приклучуваат на меѓународната кампања „Тие сепак известуваат, не можете да ги замолчите“, повикувајќи на поддршка и заштита на жените во медиумите. На Меѓународниот ден на жената, кога ја истакнуваме посветеноста на жените во сите сфери на општеството, ние од ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ ја потенцираме улогата на жените во медиумите со акцент на потребата од родова еднаквост која сè уште е актуелна. Новинарките и сите…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници го затекнале пријавениот на улица „Рудничка“ во Кичево при предавање на пакување со кокаин на друго лице од Кичево, кое е пронајдено и одземено.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Т.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед извршен на улица „Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа пакување со мешавина од амфетамин и метамфетамин.
На 07.03.2026 во 13:53 часот во СВР Охрид е пријавено дека во апартман на улица „11 Октомври“ во Охрид, К.Х. од Албанија физички ја нападнал Д.А.С.(26) од Чиле. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.03.2026 во 18:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(39) од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и ја нападнал со пластичен предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Собранието никогаш не било по неактивно, владејачкото мнозинство носи закони кои само ним им служат, нема закони за граѓаните, нагласи Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, на регионалната средба со општинските организации од изборната единица 4, што се одржа во Струмица. Филипче потенцираше дека не се спроведуваат реформите и закони кои се пресудни за евроинтеграцискиот процес и се во интерес на граѓаните. Наместо тоа, власта се занимава со политички препукувања. „Во делот на евроинтеграциите ништо нема да се случи. Немаат ни чекор напред кон реформите. Немаат никаква активност во Собранието. Има искусни пратеници кои знаат дека никогаш…
Уште колку животи треба да згаснат за да има одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок, но и во огромен бес, велат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Последната трагедија во скопската населба Карпош, во која згаснаа животите на мајка и малолетна ќерка, ја потресе целата држава. МВР предводено од Панче Тошковски не успеа да ги заштити. Две години имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана. Дури 12 пријави биле поднесени. Во Велес, сериски насилник одзеде два животи – на младата…
СДС и Венко Филипче последниов период се обидоа да шират паника во јавноста за некои измислени теми, со цел да купат по некој поен преку ширење дезинформации во јавноста, една од тие теми беше темата за наводни мигранти во земјава од Велика Британија, веаат од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа лажна конструкција на СДС беше демантирана од сите релевантни институции и беше јасно потврдено дека не постои никаков план да се донесат мигранти од Британија. Дополнителен демант на спиновите на СДС, стигна и од британскиот амбасадор во Земјава, Метју Лосон, кој истакна дека владата на Велика Британија нема ниту намера, ниту пак преговарала…
Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, на сите жени им го честита Меѓународниот ден со пораката адресирана до мажите: Жената е цвет кој се чува и негува секој ден, без исклучок, 365 дена во годината! За жал, жените, мајките, девојките и во денешно време се борат со одредени предрасуди, особено ако работат професии кои во општеството се оцрнуваат заради наметнати стереотипи со кои е многу тешко да се избориш. Различните приредувачи на игри на среќа кои на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија, се една од ретките економски гранки во која значителното мнозинство…
Општината Sant Cugat del Vallès, во провинцијата Барселона, набавува водородно комунално возило од брендот Грин Машинс, произведено во фабриката на БРАКО во Велес. Станува збор за современо возило на водороден погон од најновата генерација, наменето за урбано одржување со нулта емисија на штетни гасови. ,,Купувачот е град кој практично е сосед и урбано поврзан со Барселона и возилото ќе биде испорачано во април. Нашата следна цел е македонските електрични и водородни возила за чистење да ги видиме на улиците и на самата Барселона – туристички центар рангиран меѓу 10-те најпопуларни градови за посета во светот“, велат од Грин Машинс. Водородни…
