- Туристичката комора при ССКМ бара Грција да го одложи ЕЕС системот во шпицот на сезоната
- ФОТО+ВИДЕО: Донатори на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад концесијата за рудникот во Крива Паланка
- Дневен хороскоп: 23 април – Денот на неочекувани промени
- Растe цената на нафтата
- Гeрасимовски: Центар сам ќе се грижи за хигиената, доколку Градот нема решение
- СДСМ поднесе законски измени: Министрите без двојно државјанство, бараат правилото да важи веднаш
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС во координација со српски опозиционери за формирање фронт во Србија
- „Повардарие“ онлајн – Нови дигитални алатки за економски раст и регионална промоција обезбедени преку „ЕУ за општините“
Author: Author 03
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“. Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје. Откако А.А. ја забележал девојката, извесно време ја следел и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите пријавени.
На денешен ден, 25 јануари, Македонија и Балканот се потсетуваат на ликот и делото на Тоше Проески. На денот кога легендарниот пејач требаше да наполни 45 години, неговото семејство и фановите со огромна љубов го чуваат споменот за него. Традиција на љубовта Неговата сестра, Дора, и оваа година остана доследна на својата традиција со која го одбележува роденденот на својот брат. Таа на социјалните мрежи сподели фотографија од роденденска торта која носи длабока симболика. Тортата е елегантна со бела основа со и со златни детали.Украсена со големи бели ангелски крилја, асоцирајќи на епитетот „ангел“ кој го следеше Тоше низ целата…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола во патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки во кое, пријавениот се превезувал а извршена кај месноста „Битолска раскрсница“ во близина на Кичево, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. Ф.Б. беше лишен од слобода и задржан во полициската станица во Кичево.
На 24.01.2026 година во 14 часот, во авто-електричарски сервис лоциран на регионалниот пат Кичево-Осломеј, избувнал пожар. Пожарот во кој нема повредени лица, предизвикал материјална штета на дел од опремата во сервисот како и на едно патничко моторно возило „Фиат Линеа“ а бил целосно изгаснат од територијалната противпожарна единица од Кичево.
На 24.01.2026 година во 15.30 часот, на пресекот на улиците „Рудничка“ со „Борис Кидриќ“ во Кичево, две лица физички го нападнале Д.К.(49) од Кичево. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што против сторителите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.01.2026 година во 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во пешакот Б.С.(49) од Охрид и без да застане, го напуштил местото. Пешакот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот по што, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена. „Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина Зеленски треба да го запомни тоа“, рече Орбан во објава на социјалната мрежа X. Унгарскиот премиер претходно во четвртокот го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој, според извештаите од Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската Влада и него лично“. „Зеленски вели дека поддршката…
Од денеска стапуваат на сила мерките што ја ограничуваат слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија, а кои имаат за цел да се спречи шпионажа и ширење дезинформации. Кога патуваат низ Шенген зоната надвор од земјата домаќин, руските дипломати и конзуларни службеници, како и нивниот персонал и членови на семејството, сега ќе мора да ја известат земјата на дестинација и сите транзитни земји најмалку 24 часа пред патувањето. Земјите-членки, исто така, можат да воведат постапка за поднесување барање за влез или транзитно овластување за да можат да го забранат нивното движење во случај на сомневање. Патувањето во земјата…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше на терен на локација каде се спроведува финална проверка и верификација на паметниот систем за автоматска детекција на брзината на движење на возилата, како дел од проектот за унапредување на безбедноста во сообраќајот. „Станува збор за систем кој МВР го развиваше во изминатиот период со цел намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во процесот на тестирање се проверува јасноста на снимките, прецизноста при читањето на регистарските таблички и точноста на податоците што системот ги регистрира. Според стручните служби вклучени во верификацијата, утврдените отстапувања во мерењето на брзината се минимални…
Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи.Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности. А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и нивните потреби, па во петокот здружено нивните пратеници гласаа против измените на Законот за прекршоци со кој се заокружуваат правните норми потребни за официјален старт на системот Безбеден град, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Замислете, нивните…
