- ФОТО+ВИДЕО: Донатори на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад концесијата за рудникот во Крива Паланка
- Дневен хороскоп: 23 април – Денот на неочекувани промени
- Растe цената на нафтата
- Гeрасимовски: Центар сам ќе се грижи за хигиената, доколку Градот нема решение
- СДСМ поднесе законски измени: Министрите без двојно државјанство, бараат правилото да важи веднаш
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС во координација со српски опозиционери за формирање фронт во Србија
- „Повардарие“ онлајн – Нови дигитални алатки за економски раст и регионална промоција обезбедени преку „ЕУ за општините“
- Артан Груби останува во куќен притвор – судот ја продолжи мерката за 30 дена
Author: Author 03
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото. Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се…
Денеска најавен е прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато. Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила,…
Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, денеска во 12:00 часот започнуваат со седумдневна блокада на граничните премини. Кои гранични премини ќе бидат затворени? Блокадата ќе го опфати товарниот сообраќај на следните точки: Важно: Протестот за возила кои излегуваат почнува во 12:00 часот, додека влезот во државата ќе биде овозможен до 00:00 часот за возачите да можат да се вратат дома и да се приклучат на блокадите. Што бараат превозниците? Главниот проблем е правилото 90/180 дена за престој во Шенген-зоната, кое со новиот…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ и додаде дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително…
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови каде ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени…
Папата Лав Четиринаесетти денеска предупреди дека во тековните руски напади врз Украина, цивилите остануваат без електрична енергија и греење на многу ниски температури и повика на прекин на конфликтот. „Долготрајните непријателства… имаат сè посериозни последици за цивилите“, истакна папата по денешната миса. Тој ги повика сите страни да ги интензивираат напорите за прекин на војната во Украина. „Дури и во последните денови, Украина е погодена со континуирани напади што го оставаат целото население изложено на зимскиот студ. Со тага следам што се случува и се молам за оние што страдаат“, рече папата. Како резултат на руското гранатирање во текот на…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопштуваат од Авто-мото Сојуз на Македонија. Дополнуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Појава на магла и намалена видливост до 100 метри има на планинските премини Ѓавато и Стража. Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. Исто…
Огромна зимска бура со историски размери ги парализира САД, протегајќи се од Тексас на запад па сè до источните држави. Повеќе од 500.000 домаќинства веќе се без електрична енергија, а авиосообраќајот е во колапс со над 9.600 откажани летови. Федерална помош и вонредни мерки Претседателот Доналд Трамп ги оцени бурите како „историски“ и официјално одобри прогласување на федерална вонредна состојба за 12 држави: „Ќе продолжиме да ги следиме и да останеме во контакт со сите држави на патот на оваа бура. Останете безбедни“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social. Енергетски колапс: Мисисипи, Тексас и Тенеси најпогодени Прекините на…
Британската влада подготвува револуционерен план за трансформација на полицискиот систем. Наскоро ќе биде претставена нова полициска единица, по примерот на американското ФБИ, која ќе биде задолжена за најсложените истраги и борбата против организираниот криминал. Обединување на силите против тероризмот и измамите Новото тело ќе ги централизира постојните ресурси кои во моментов се распрскани низ различни агенции. Главниот фокус ќе биде ставен на: Махмуд: Сегашниот модел е „изграден за друг век“ Министерката за внатрешни работи, Шабана Махмуд, истакна дека оваа реформа е неопходна бидејќи локалните полициски сили често немаат капацитет за софистицираните криминални закани на денешницата. „На некои локални сили им…
Како што разговаравме на вонредниот Европски совет во четвртокот, Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на своите земји-членки, како во случајот со Данска и Гренланд, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалната неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина. Нагласи дека паралелно мора да се одржува рамка на разбирање и функционални канали на соработка со САД, како што напиша, дури и во периоди на тензии, при што јасно се утврдуваат црвените линии. -Грција, како членка на Европската Унија со стратешки односи со САД, работи за решенија што ја зајакнуваат мултилатералноста, безбедноста…
