Author: Author 03

Малото гратче Хендерсон во Ајова, кое во пошироката јавност е познато по необичниот годишен Фестивал на пржени животински тестиси, деновиве е во фокусот на американските медиуми поради својата нова градоначалничка. Дваесетгодишната Ева Фипс стана најмладата личност на оваа функција во моментов во САД, но и во целокупната историја на земјата. Во интервју за Ју-ес-еј тудеј, Фипс сподели дека нејзината намера не била да стане дел од историјата, туку едноставно да му помогне на своето место. Не мислев дека ќе бидам дел од американската историја, мислев само да го водам мојот мал град, но сум толку горда на себе што не…

Повеќе

Крвав инцидент го потресе централно Мексико во неделата, откако група вооружени напаѓачи отворија оган на фудбалско игралиште. Локалните власти потврдија дека во нападот загинале најмалку 11 лица, додека 12 други се ранети и се наоѓаат под медицинска нега. Трагедијата се случила во градот Саламанка, токму во моментите кога завршувал фудбалски натпревар. Градоначалникот на градот, Сезар Прието, за медиумите изјави дека нападот бил ненадеен и брутален. Според официјалните податоци, десет лица починале на самото место, додека едно лице подоцна им подлегнало на повредите во болнички услови. Меѓу повредените, според потврдата на градоначалникот, се наоѓаат и една жена и еден малолетник. Градоначалникот…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за Њујорк пост, откри нови детали за операцијата насочена кон апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Според неговите тврдења, американските сили во текот на акцијата користеле софистицирано тајно оружје кое целосно ја онеспособило одбраната на Венецуела. На прашањето дали САД примениле технологија со енергетски импулси, Трамп потврди дека бил употребен уред што тој го нарече Дискомбобулатор, со цел да се неутрализира воената опрема на непријателот. Дискомбобулатор. Немам право да зборувам за тоа, посочи Трамп, појаснувајќи дека оваа технологија предизвикала венецуелското оружје едноставно да престане да функционира во клучните моменти од операцијата. Претседателот на САД…

Повеќе

СДС изгледа мислат дека имаат многу јака тема за соопштение, па се фатија за вредноста на часовниците на претседателот Мицкоски. Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ утрово дека Мицкоски носи најскапи часовници меѓу НАТО политичарите. Тоа е се до моментот пред да влезе во политиката, каде што престанува со било каков вид на бизниси и работење…

Повеќе

Во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените. Овој судски процес продолжува по одложувањето на претходното рочиште, кое беше побарано од бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски. Неговата адвокатка, Сузана Јошевска-Анастасовска, во меѓувреме беше избрана за член на Судскиот совет, што наложи прилагодување во одбраната. На последното рочиште одржано во декември, атмосферата во судницата беше исполнета со солзи и болни…

Повеќе

Овој протест е само почеток доколку не ги зголемат Вашите плати и доколку продолжат да го газат Вашето достоинство. Затоа, Сојузот на синдикатите на Македонија организира Протест со главна цел: – Зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари преку зголемување на минималната плата на 600 евра. Протестот започнува на 28 јануари 2026 година во 17:00 часот пред Работнички дом (зграда на ССМ на ул. Мирче Ацев бр.6) во Скопје, по што продолжува пред Собранието, Стопанската комора и Македонската Влада. ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра, стои во соопштението…

Повеќе

Страшна несреќа ја потресе Грција утрово, откако во големиот пожар што избувна во познатата фабрика за бисквити „Виоланда“ во градот Трикала, животот го загубија три жени. Спасувачките екипи и понатаму трагаат по уште две вработени кои се водат како исчезнати. Експлозии во ноќната смена Пожарот избувнал околу 4 часот по полноќ, за време на ноќната смена во која работеле 13 вработени во погонот за производство и печење. Според сведоштва на локалните жители, огнот бил придружуван од серија силни експлозии. Состојба на повредените Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, во изјава за телевизијата „Скај“ потврди дека во болницата во Трикала…

Повеќе

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните наград Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водатаза пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2026 до 23.01.2026 зема 150примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода запиење од 42 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ наПравилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весникна РМ, бр.183/18).

Повеќе

Системот Безбеден град за дигитален надзор е дел од стратегијата на МВР за зголемување на безбедноста во сообраќајот, а резултатите беа видливи уште во првите 24 часа од тест-периодот што е јасен показател дека мерката функционира, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопшение испратено до медиумите. На СДС изговорот им беше злоупотреба на податоци, на ДУИ затоа што немало да се спроведува на ниво на целата држава, па се здружија во опозиција со недоволно потковани причини. Приоритет е безбедноста на граѓаните во сообраќајот, а во првата фаза камерите ќе бидат поставени на локации со поголем ризик, додека во текот на годината…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници, велат утрово од СДСМ преку соопштение испратено до медиумите, Тоа што се најде на листата на државници со НАТО членки е благодарение на сериозната државничка политика на СДСМ, која се грижеше за интересите на Македонија, а не за лични интереси и купување скапи часовници. Да се прашуваше Мицко тогаш, денес ќе бевме руска провинција или кинеска колонија а не НАТО членка. Согласно анкетниот лист за имотната состојба, Мицкоски има колекција од часовници вредни 60.000 евра. Во Македонија минималната плата изнесува 396…

Повеќе