Author: Author 03

Од денеска напладне, македонските гранични премини се под блокада на транспортерите кои протестираат против новиот систем за влез и излез на Европската Унија. Според информациите од АМСМ, сообраќајот за тешки товарни возила на излез од државата е во прекин на речиси сите клучни точки. Точно во 12 часот започнаа блокадите на граничните премини Стар Дојран, Богородица и Меџитлија, а набрзо потоа, во 12:20 часот, сообраќајот беше запрен и на Ќафасан и Блато. Протести се одвиваат и на Деве Баир, Делчево и Ново Село. Кај граничниот премин Долно Блаце, поради собирот на превозниците, товарниот сообраќај се пренасочува уште кај бензинската пумпа…

Повеќе

Во касарната Ѓорче Петров официјално започна втората обука во рамките на Регионалната програма за сертификација на службени кучиња за мириси на производи 2026 година, како дел од проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“. Директорот и Бирото за јавна безбдност Александар Јанев денеска заедно со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, ја отвори обуката, која претставува уште еден чекор во континуираната надградба на полициските капацитети. Јанев смета дека добро обучените кучиња се верни партнери во откривање траги и обезбедување клучни докази. Обуката не е само…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка…

Повеќе

На 25.01.2026 во 12:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Б.Б.(49) од Кичево, на улица „Влашки пат“ физички нападнала малолетник. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и Црвениот крст на Република Северна Македонија, од страна на директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, и генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити. Со овој Меморандум се продлабочува институционалната соработка и се воспоставува цврста рамка за координирано, навремено и ефикасно дејствување во превенција, подготвеност и справување со кризни и вонредни состојби. Документот предвидува заедничко планирање, размена на информации и ресурси, организирање обуки и теренски вежби, како и развој на компатибилни системи за побрз и поефективен одговор при кризи. Посебен акцент се става на зајакнување на оперативните…

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција истакна дека ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните. -Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица. Али Ахмети пак освен криминални шеми нема ништо позади себе. Тука се случаите со внук му Дрин Ахмети, како купување на трговскиот центар Соравија, концесијата добиена од државната ЕСМ…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс.  На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, беше утврдена динамиката и моделот за реализација на овој важен инфраструктурен проект, кој ќе донесе околу 500 нови паркинг места и значително ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар. Во прилог објавата на…

Повеќе

Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата за немањето никаков прогрес на европскиот пат за практично антиевропските манири кои што сметам дека ги гледаме во веќе половина од мандатот, скоро и поминат на оваа влада. Освен што не се работи ништо по забелешките коишто ги добиваме од извештаите од Европа, не повикани од тоа се практикуваат антиевропски манири, изјави денеска во Собрание претседателот на СДСМ, Венко Филишче. 2Ситуацијата во светот драстично е сменета геополитичката ситуација се менува, напред кон Европа во едни други околности оди Украина, Молдавија. Го слушаме премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ,  како повикува на политички одлуки…

Повеќе

Пратениците од крилото на Алијанса на Албанците на Зијадин Села го оспорија Законот за Безбеден град пред Уставниот суд. Овој закон каде што се удира по целото население во СРМакедонија по сите граѓани, никако не дозволувам да помине по брза постапка. Друго прашање кое може да се крене е зошто проект кој веќе месеци се промовира од страна на Владата, иницијативата се прави од пратеници. Еве јавно прашање, што сака да крие Владата? Зошто сами не излезат да ја поднесат иницијативата?, изјави Села пред медиумите.

Повеќе

Силната снежна бура што ги зафати Соединетите Американски Држави во текот на викендот веќе одзеде најмалку десет животи, предизвика енергетски колапс за милиони граѓани и доведе до приземјување на илјадници летови. Националната метеоролошка служба предупредува дека снежните врнежи ќе продолжат и денеска, а околу дваесет сојузни држави, заедно со главниот град Вашингтон, веќе прогласија вонредна состојба. Метеоролозите го карактеризираат ова невреме како едно од најсилните во последните неколку децении. Екстремно ниските температури и замрзнувањето на клучната инфраструктура создаваат услови кои националната агенција ги опишува како потенцијално катастрофални. Најкритична е состојбата во големите градови. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, соопшти дека…

Повеќе