Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стаменкоска Трајкоска на форум: Одржливи политики и реални решенија за поквалитетен живот на лицата со атипичен развој

    Стаменкоска Трајкоска на форум: Одржливи политики и реални решенија за поквалитетен живот на лицата со атипичен развој

    10.03.2026 во 20:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, учествуваше на Форум во организација на Ротари клубовите, насловен „Одржливост на социјалните и здравствените политики за лица со атипичен развој“. На настанот, покрај неа, учествуваше градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски. Присуството на еминентни експерти, меѓу кои проф. д-р Јасмина Трошанска, д-р Снежана Лазаревска, Стефанија Трајческа и Зоран Панчевски, односно докажани специјалисти за едукација и рехабилитација, специјални едукатори, кинезиолози и физиотерапевти, придонесе за плодна дискусија за клучната улога на институциите во креирањето инклузивно општество. Беше истакнато дека општините се првиот и најважен столб во препознавањето на потребите на граѓаните, преку кои се обезбедува директна и одржлива поддршка за лицата со атипичен развој.

    Во рамките на дебатата, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги презентираше тековните активности кои произлегуваат од Социјалниот план 2023–2027, издвојувајќи ги услугите кои ја позиционираат Кисела Вода високо во поглед на посветеноста кон оваа категорија граѓани. Таа го нагласи проширувањето на бесплатните логопедски и дефектолошки третмани преку центарот „Гаспар“ со нова локација во село Драчево, како и континуираното спроведување на помошта и негата во домот за возрасните и изнемоштените лица, посебниот превоз и окупационите работилници за лицата над 18 години во соработка со здружението „КРИК“.

    Развојната визија за следните 12 месеци вклучува отворање на нов дневен центар во Црниче за поддршка на деца со дислексија и дисграфија, како и воведување бесплатни обуки за јакнење на менталното здравје на мајките на деца со атипичен развој. Во насока на системско унапредување на овие политики, таа ја поддржа идејата за воспоставување локални експертски совети, кои ќе овозможат знаењето на професионалците од терен директно да влијае врз креирањето на идните општински програми.

    Запрашана околу стратешката цел за наредните три години, градоначалничката нагласи дека приоритетот е ставен на создавање специјализирани дневни центри за лица со атипичен развој. Како што беше објаснето за време на дискусијата, ова системско решение подразбира обезбедување на безбеден и стимулативен простор каде децата ќе добиваат врвна стручна поддршка. За реализација на оваа голема цел, Стаменкоска Трајкоска ја потенцираше неопходноста од силна меѓуопштинска соработка и партнерство со Град Скопје. Преку заедничко здружување на ресурсите и изнаоѓање соодветни просторни услови, локалната самоуправа има за цел да им гарантира на семејствата долгорочна сигурност и реално олеснување во нивното секојдневие.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.