Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Град во регионот на Барселона купува водородно возило произведено во Македонија

    Град во регионот на Барселона купува водородно возило произведено во Македонија

    08.03.2026 во 10:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општината Sant Cugat del Vallès, во провинцијата Барселона, набавува водородно комунално возило од брендот Грин Машинс, произведено во фабриката на БРАКО во Велес. Станува збор за современо возило на водороден погон од најновата генерација, наменето за урбано одржување со нулта емисија на штетни гасови.

    ,,Купувачот е град кој практично е сосед и урбано поврзан со Барселона и возилото ќе биде испорачано во април. Нашата следна цел е македонските електрични и водородни возила за чистење да ги видиме на улиците и на самата Барселона – туристички центар рангиран меѓу 10-те најпопуларни градови за посета во светот“, велат од Грин Машинс.

    Водородни возила произведени во БРАКО, веќе се користат во Франција, Германија и Холандија, и ги чистат градовите Амстердам, Ротердам, Утрехт, Келн и Тулуз. Водородните возила претставуваат најнапредна форма на технологија со нулта емисија во сегментот на комуналната механизација.

    Тие се финансиски значително поголема инвестиција во споредба со стандардните електрични возила и обично ги избираат општини кои стратешки инвестираат во иновации и сакаат да испратат јасна порака дека нивен приоритет се одржливоста, модерниот имиџ и примената на најновите технологии за чиста енергија.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.