Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сакам да работам“ го честита 8-ми март со пораката до мажите: Жената е цвет кој се чува и негува секој ден

    „Сакам да работам“ го честита 8-ми март со пораката до мажите: Жената е цвет кој се чува и негува секој ден

    08.03.2026 во 10:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, на сите жени им го честита Меѓународниот ден со пораката адресирана до мажите: Жената е цвет кој се чува и негува секој ден, без исклучок, 365 дена во годината!

    За жал, жените, мајките, девојките и во денешно време се борат со одредени предрасуди, особено ако работат професии кои во општеството се оцрнуваат заради наметнати стереотипи со кои е многу тешко да се избориш. Различните приредувачи на игри на среќа кои на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија, се една од ретките економски гранки во која значителното мнозинство вработени се жени.

    Затоа, ја користиме денешната прилика на сите жени кои работат во секторот игри на среќа јавно да им изразиме признание за храброста и одважноста што достоинствено се справуваат со сите предизвици, особено со начинот на кој некој однадвор, без никакви познавања на приликите, неосновано го омаловажува нивниот професионален статус.

    Здружението „Сакам да работам“ заедно со асоцијациите и претставниците на менаџментот ќе продолжат доследно да ги заштитуваат правата и да ги исполнуваат сите обврски кои произлегуваат од работниот однос за сите вработени, со посебен акцент на понежниот пол кој е фундаментот на кој се потпира внатрешната организациска поставеност на секторот игри на среќа.

    Конечно, изразуваме благодарност до сите надлежни државни институции, особено полициско-безбедносните структури кои се секогаш подготвени да одговорат на сите евентуални обиди за нарушување на јавниот ред и мир и со тоа ги заштитуваат нашите вработени и им влеваат сигурност што е многу важен предуслов за оваа професија.

    Здружение на вработени во сектор игри на среќа Сакам да работам

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.