Close Menu
Press24
    Најново

    Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот

    03.08.2026 во 13:24

    Километарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа

    03.08.2026 во 13:15

    МВР во акција низ целата земја: За една недела приведени над 70 лица поради дрога

    03.08.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот
    • Километарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа
    • МВР во акција низ целата земја: За една недела приведени над 70 лица поради дрога
    • Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители
    • Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село
    • УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста

    05.03.2026 во 23:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче нема што да каже па ја замајува јавноста, но не дава конкретни одговори. Секако затоа што и нема. Нема што да каже затоа што јасно е како ден кој негувал добри односи со држави како Русија и Белорусија, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

    Не само што имале добри односи, туку и на блиски соработници на Путин и Лукашенко, како осудениот криминалец Александар Онишченко на кој му дале македонско државјанство, а на белорускиот конзул Борче Марковски му доделиле 77 тендери од кои 66 во вредност од 141 милион евра од ЕСМ.

    Сакајќи да прави дефокус од проблемите во партија и од корупциските скандали, Венко Филипче почна дури и јавно да лаже.

    Сакајќи да покаже некојаси величина, Филипче се дрзна да ја лаже македонската јавност дека после пожарот во Тетово Филипче како човек со големи принципи, поднел оставка од функцијата министер за здравство, па за три месеци си заминала цела тогашна влада.

    Филипче можеби заборавил или пак свесно манипулира, но јавноста добро памети како после трагичниот настан во кој животот го загубија 14 луѓе, по наводното поднесена оставка која неговиот патрон Заев експресно му ја одбил, па здружно без никаква грижа на совест тераа кампања за локални избори.

    И токму поради катастрофалниот пораз на тие локални избори, Филипче и Заев си заминаа од владата, не поради чувството за морална одговорност за трагедијата во модуларната.

    А кога Филипче зборува за системска корупција, токму и модуларната болница во Тетово целосно изгоре за само две минути, токму поради таа системска корупција во времето на власт на СДС, каде заради проценти од тендерските постапки со потпис токму на министерот Венко, се поставија небезбедни објекти спротивно на закон.

    Тука се и обидите за набавка на вакцини по двојно повисока цена од фирма за овошје, приватизација на стерилизацијата, џипот подарок од фирма која добила тендер од РЕК Битола, хациендата на Водно, становите и златни визи за Дубаи и ред други. Системската корупција на Филипче и Заев ја видовме и во сведоштвото на доктор Жан Митрев, како сакаа за багателна цена да му ја присвојат клиниката.

    Така што, СДС, Филипче и Заев не само што се креатори на системската корупција, туку слободно можеме да кажеме дека се академци за корупција.

    Филипче треба да знае дека времето за антидржавни политики, на криминал и корупција како во време на СДС, заврши.

    Реформи во државата ќе има, правосудството ќе се реформира, правна држава ќе има и за секое предавничко, криминално и корупциско делување одговорност ќе има, стои во реакцијата на владејачката партија.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    03.08.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.