Author: Author 03

Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз земјоделците кои протестираа пред зградата на Европскиот парламент во Стразбур, поради Договорот за слободна трговија помеѓу Европската Унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур. И покрај инцидентите, ситуацијата во областа останува релативно мирна, иако главниот влез на Европскиот парламент беше затворен за посетителите. Протестантите носеа транспаренти со пораки како: „Меркосур е закана за нашата егзистенција“ и „Не за Зелениот договор“, како и навредливи постери против претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во протестот учествуваа не само француски, туку и земјоделци од други европски земји. Протестот е насочен против Договорот ЕУ–Меркосур, потпишан…

Повеќе

По тринеделен распуст и доза загриженост кај родителите поради грипот, почна второто полугодие за основците и средношколците. Дворовите се наполнија со деца, џагорот повторно се слушна. Најмалите велат дека им недостигало училиштето и другарувањето. Последните бројки на ИЈЗ покажуваат дека со грип пријавени се околу 600 млади до 14 години. Надлежните уверуваат дека училиштата се целосно дезинфицирани и апелираат до родителите да бидат смирени. Во меѓувреме, оставката на Љуљзим Алиу е пристигната до Влада, потврдуваат оттаму за Сител но допрва ќе се одлучува кој ќе го наследи. Најверојатно местото ќе биде потполнето со кадар од Вреди. Вчера Алиу си даде…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч. По преземените дејствија, лицето кое го управувало возилото беше идентификувано, пронајдено и повикано. Во врска со настанот, лицето А.Д. (36) од село Елово, скопско е санкциониран согласно законските одредби. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да…

Повеќе

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дебатираше за многу актуелни теми меѓу кои и за состојбата во правосудството и случајот со апелацискиот судија каде полицијата пронајде 350 илјади евра во ѕид од неговата куќа, притоа истакнувајќи дека со реформи состојбата може да се промени и да се стави крај на корупцијата и поигрувањето со човечки судбини во областа на судството. „Би сакал да ја поздравам оваа акција од институциите и да биде сфатена од оние коишто се судии во моментот да разберат дека криминалот не е…

Повеќе

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во Давос, а денес имале многу успешни и инспиративни средби со голем број мултинационални компании. Теми коишто беа опфатени се темите од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. -Се разбира од наша страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани. На она на коешто посебно би сакал да се задржам е вториот дел од денот, односно панелот за енергетика каде што бев активен учесник и говорник заедно со секретарот за енергетика на САД г. Рајт. Панел на коешто…

Повеќе

Францускиот претседател Емануел Макрон се обрати на Светскиот економски форум во Давос со порака дека светот би требало да влезе во период на мир, стабилност и предвидливост, изјава која предизвика смеа кај дел од присутните. Во продолжение од говорот, Макрон оцени дека реалноста оди во спротивна насока и предупреди дека глобалната сцена влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, како на безбедносен, така и на економски план, со зголемени ризици од автократија и вооружени конфликти. „Конфликтот стана нормализиран“, изјави Макрон. Францускиот претседател се појави на сцената носејќи очила за сонце, кои ги носи јавно и во последните денови поради изразено…

Повеќе

Ваљбон Лимани, новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар по повторените локални избори, од денеска официјално го започна својот четиригодишен мандат. На првиот работен ден во општината пристигна во придружба на потесното семејство – сопругата и трите ќерки. Лимани беше придружуван и од претседателот на Советот на Општина Гостивар, Валдет Џафери, сопартијци и негови доскорешни соработници. Пред влезот во општинската зграда, новиот градоначалник беше пречекан од вработените, кои му честитаа за изборот. Во обраќањето пред присутните, Лимани нагласи дека ќе продолжи со реализација на започнатите активности и со проектите што ги најави за време на изборната кампања. Тој истакна дека инфраструктурните работи…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски преку видео-обраќање од Давос ја информираше македонската јавност за активностите и средбите што ги оствари за време на денешниот ден на Светскиот економски форум, оценувајќи го како исклучително успешен и значаен за промоција на инвестициските можности на земјава. – „Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос“, го започна Мицкоски своето обраќање, во кое нагласи дека имал бројни средби со претставници на мултинационални компании од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. „Денеска имавме, би рекол, многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и…

Повеќе

Украински суд донесе пресуда со која поранешниот претседател Виктор Јанукович е осуден во отсуство на 15 години затвор поради злоупотреба на државно земјиште, соопшти Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП). Според пресудата, Јанукович е прогласен за виновен за проневера на шумска парцела со површина од 17,5 хектари во Киевската област, чија вредност се проценува на над 22 милиони гривни, односно повеќе од 500.000 долари. Во периодот од 2009 до 2011 година, на спорната парцела бил изграден хотелски комплекс со ресторан, кој поранешниот претседател го користел за лични цели. Кривичното дело, како што наведуваат надлежните институции, било сторено во 2007…

Повеќе

На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој дискутираше за зголемувањето на минималната плата и напорите од страна на Владата за зголемување на животниот стандард. „Ќе се трудиме да се испочитуваат колективните договори, законските одредби и легислативата којашто ja детерминира оваа проблематика. Јас се сеќавам кога беше донесена формулата со којашто се пресметува минималната плата, и како тоа триумфално и синдикатите и тогашните претставници на власта, тоа го презентираа пред јавноста. Се разбира дека прави Владата и претставниците на мнозинството се што можат да ги подобрат условите во државата“, истакна Јаревски. Јаревски…

Повеќе