- Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор
- Потпишана декларација за соработка со Северна Рајна-Вестфалија
- Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени
- Мицкоски: Министри Албанци за правда, не сакаа да го решат прашањето со правосудниот испит, се работи на одржливо решение
- Петрушевски: Новиот Закон за правична застапеност ќе се темели на мерит-систем, а не на партиски вработувања
- Венс: Договорот за завршување на војната со Иран ќе биде објавен во текот на неделата
- Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила – МВР го обезбеди сторителот
- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
Author: Author 03
Демократско движење, на предлог на претседателот Изет Меџити, вечерва одржа состанок со партиските структури, со единствена точка на дневен ред – официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила, се вели во соопштението од Демократско движење. -Со манифестирање на висока политичка зрелост, целосно прифаќајќи ја пораката на мнозинството Албанци, едногласно го овластивме Меџити, да продолжи да го води процесот на трансформација на нашата партија и нејзиното прелевање во ВЛЕН како обединета, силна и современа политичка структура. Силно сме уверени дека продлжуваме да создаваме историска можност за ВЛЕН да продолжи да окрупнува и да ја зацврсти улогата на главен репрезент на волјата на…
Иран го доби својот нов врховен лидер. По смртта на ајатолахот Али Хамнеи, Собранието на експерти на Исламската Република донесе брза и стратешка одлука за негов наследник. На најмоќната позиција во земјата е избран Али Акбар Велајати, долгогодишен советник за меѓународни прашања и искусна фигура во иранската политика. Брза транзиција во воени услови Изборот доаѓа во исклучително чувствителен момент, додека Иран е под директни напади од страна на САД и Израел. Собранието на експерти со оваа одлука сака да покаже стабилност и единство на режимот пред меѓународната јавност. „Со одлука на Собранието на експерти, Али Акбар Велајати е избран за…
На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во текот на октомври 2025 година, тој се договорил со лицето да му изработи собни врати, а парите му ги дал како капар. Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога пријавителот му јавил и му ги побарал вратите му кажал дека ќе бидат изработени, а после тоа бил недостапен на телефон. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Иранското Министерство за одбрана испрати јасна порака до Вашингтон и Тел Авив, нагласувајќи дека земјата е воено и стратешки подготвена за долготраен конфликт. Според официјални претставници, досегашните дејствија се само дел од капацитетите со кои располага Исламската Република. Стратегија на исцрпување Портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, истакна дека Иран има разработено планови за долгорочен отпор кои ги надминуваат сите проценки на нивните противници. Тој ја нарече тековната ситуација „наметната војна“ за која Техеран има соодветен одговор. „Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго од она што (непријателот) го планирал за оваа наметната војна“, изјави Талаеи-Ник.…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати директно обвинување до Украина за намерно блокирање на испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“. Според Орбан, овој потег не е технички проблем, туку обид за политичка уцена и мешање во претстојната унгарска изборна кампања. Писмо до Брисел: Барање за итна акција Во официјално писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, унгарскиот премиер побара од ЕУ да изврши притисок врз Киев. Содржината на писмото, која Орбан ја објави на социјалната мрежа „X“, открива длабок јаз во односите меѓу двете соседни земји. „Недостатокот на волја на Украина за повторно отворање на нафтоводот Дружба произлегува…
Францускиот претседател Емануел Макрон упати силна порака на поддршка до Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Кувајт и Катар, потврдувајќи дека Франција е подготвена да дејствува во рамките на своите одбранбени договори по серијата ирански напади во регионот. Активна воена поддршка Париз веќе презема конкретни чекори на терен. Француските борбени авиони од типот „Рафал“, стационирани во базата во ОАЕ, веќе спроведуваат операции за безбедност на воздушниот простор. „Франција е подготвена да придонесе во одбраната на своите партнери на Блискиот Исток во услови на ескалација на ситуацијата во регионот“, соопштија од кабинетот на Макрон, нагласувајќи ја сериозноста на иранските дејствија. „Цврста солидарност“ со…
Најновиот бран ракетни напади и напади со дронови од страна на Иран резултираше со директен удар врз американскиот конзулат во Дубаи. Видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи и во локалните медиуми покажуваат чад и оштетувања во непосредна близина на дипломатското претставништво. 🚨 BREAKING: Video shows the moment a suspected Iranian drone SLAMMED into the US Consulate in Dubai, resulting in an explosionThe Consulate is currently on fire, with smoke seen from all across the city. pic.twitter.com/FvXmpZAexU— Nick Sortor (@nicksortor) March 3, 2026 Инцидентот во Дубаи Според првичните извештаи, конзулатот бил цел на иранската кампања насочена против интересите на…
Министерството за надворешни работи на Катар денеска упати најостра осуда до Техеран, нагласувајќи дека последните напади врз нивна територија претставуваат директен удар врз суверенитетот на земјата. Според официјална Доха, нападите не биле ограничени само на воени инсталации, туку директно ги загрозиле цивилното население и клучните економски објекти. „Преминати се сите црвени линии“ Катарските власти потврдија дека се погодени стратешки точки, вклучувајќи го меѓународниот аеродром во Доха и витални гасни капацитети. Како резултат на ова, дипломатските канали меѓу двете земји се целосно прекинати. „Нападот на Иран нема да остане без одговор. Ударите врз Катар ги преминаа сите црвени линии и не…
МНР со важно соопштение за сите Македонци кои се наоѓаат во ОАЕ. Имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, ја информираме јавноста дека во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати, активно се работи на финализирање на деталите околу организацијата на чартер летови за евакуација на македонските државјани. Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а веќе не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби Телефон: +971 56 441 7532 Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk Безбедноста на македонските државјани останува наш највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик. Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата. По…
