Author: Author 03

На денешната лидерска средба, одржана на иницијатива на претседателот на Владата, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше претставено од генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и од координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски. Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средба како одговорен и државнички чекор, насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во период кога пред државата стојат клучни одлуки од стратешко значење. Во рамки на средбата беа отворени повеќе суштински теми, по кои Движењето ЗНАМ ги изнесе своите јасни и принципиелни ставови. Во однос на Законот за Влада…

Повеќе

Доколку има консензус веднаш ќе се укине пржинската власа, а ако СДСМ не се согласува со тоа, техничката влада ќе се укине после следните редовни парламентарни избори, рече денеска Биљал Касами по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците. Во врска со Изборниот законик, Касами рече дека како претставник на коалицијата Вреди се заложил да се овозможи гласање на дијаспората, затоа што се важен чинител и економски многу придонесуваат за земјата. Се отвори тема околу изборните единици, дали да биде една, 3, 8 или да останат 6 како досега. Како и да се одлучи во врска со ова, ние…

Повеќе

Дознајте кои 3 хороскопски знаци ќе ги претворат своите животи во луксуз до крајот на неделата. Судбината конечно им враќа! Уморни сте од постојано собирање и одземање, додека другите се чини дека го поминуваат животот со леснотија. Во моментов ќе почувствувате олеснување бидејќи енергијата на универзумот се менува во ваша корист. Ѕвездите се порамнија на начин што не остава простор за случајности – доаѓа времето на исплата за целиот ваш труд. До крајот на оваа недела, три хороскопски знаци ќе доживеат трансформација што се случува еднаш во деценијата. Ако припаѓате на еден од нив, подгответе се, бидејќи вашето секојдневие може…

Повеќе

Утре во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен и северозападен правец. Утринските температури ќе бидат ниски, особено во западните и источните делови, каде ќе се спуштаат и до -10 степени, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени. Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до околу -6 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени. ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ До петок ќе се задржи стабилно и суво време, со услови за појава на утринска магла по котлините.…

Повеќе

Секој ја сака енергијата на новиот почеток што го носи првиот месец од годината – визиите, плановите и водењето дневник нè исполнуваат со надеж. Сепак, статистиката е сурова и покажува дека дури 80% од новогодишните одлуки не успеваат. Сепак, постојат одредени начини што ќе ви помогнат да истраете во сите ваши одлуки. Elle претставува три клучни чекори за да останете доследни во 2026 година. Дефинирајте го „зоштото“ Површните цели како „Ќе одам во теретана“ брзо бледнеат. Треба да ја дефинирате причината: Дали вежбате за да станете посилни, за здравје или за да се чувствувате посигурни? Кога мотивацијата ќе се намали…

Повеќе

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека денес, претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика втората седница на Генералниот совет. На оваа седница се разговараше опширно за актуелните политички случувања во земјата, односите и релациите со другите политички партии, како и за најавената средба на политичките лидери. Генералниот совет, со целосен консензус, донесе одлука претседателот Али Ахмети да учествува на средбата на лидерите, со што уште еднаш се потврдува дека Демократската унија за интеграција останува сериозна, одговорна и државотворна политичка партија, која континуирано го негува политичкиот дијалог и се залага за градење консензус околу клучните политички и економски…

Повеќе

По пожар во стан во зграда во Блок 70 во Тетово, едно машко лице го изгуби животот, а уште еден маж е повреден. Пожарот во Територијалната против пожарна единица Тетово е пријавен во 19.05 часот. Од СВР Тетово потврдија дека по пожар во стан во зграда е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Во тек е увид на местото на пожарот, па од полицијата најавија дека повеќе детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.

Повеќе

Секој петти граѓанин во Германија размислува да ја напушти земјата, покажува последната студија на Германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата. Анкетата е спроведена во периодот од 2024 до 2025 година со учество на 2.933 испитаници. Резултатите покажуваат дека 21% од целокупното население размислува за емиграција, при што 34% од лицата со мигрантско потекло и 37% од нивните деца го имаат истото мислење. Меѓу граѓаните без мигрантско потекло, 17% изјавиле дека размислуваат да заминат. Меѓу другите групи, 31% од испитаниците со потекло од поранешниот Советски Сојуз и 28% од оние од други земји на Европската Унија размислуваат за заминување…

Повеќе

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, утре (среда) во утринските часови по македонско време ќе го одигра својот нов меч во квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда, Ѓорческа ќе се соочи со Словенката Тамара Зиданшек. Зиданшек, која има 28 години, моментално се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата. Мечот е закажан на теренот број 11 и ќе биде четврти по ред. Се очекува македонската тенисерка повторно да има силна поддршка од македонските навивачи кои живеат во Мелбурн. Во првото коло, Ѓорческа ја победи Австријката Синја Краус со убедливи 2:0 во сетови

Повеќе

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека исходот од протестите во Иран е неизвесен и предупреди дека евентуалниот пад на иранскиот режим не гарантира подобра иднина за земјата. – „Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа“, рече Калас на новинарско прашање. Таа оцени дека моменталната ситуација во Иран е сложена: – „Во моментов не е јасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни“, наведе Калас.– „Исто така е јасно дека режимот брутално потиснува и убива луѓе за навистина да поттикне…

Повеќе