Author: Author 03

Три грчки танкери за нафта беа погодени од неидентификувани дронови во Црното Море во вторник, додека беа на пат да натоварат сурова нафта на рускиот терминал „Јужнаја Озерејевка“, соопштија извори за Ројтерс. Нападите доаѓаат во време кога производството на нафта во Казахстан, од кое поголемиот дел се извезува преку овој терминал, драстично опадна на почетокот на јануари. Засега не е јасно кој стои зад нападот. Украина не дала коментар за инцидентот, а Конзорциумот за Касписки гасовод (CPC), кој управува со терминалот, одби да изјави нешто за нападот. Според анонимни извори, два танкери „Суецмакс“ и еден „Афрамакс“ беа погодени на пат…

Повеќе

Италија сака да има активна улога во секој судски процес поврзан со пожарот во швајцарскиот бар во Кран-Монтана, при кој загинаа 40 лица, вклучително и шест италијански тинејџери. – „Ќе ги повикаме швајцарските власти да ги идентификуваат и казнат одговорните и да обезбедат целосна јасност за оваа огромна трагедија“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, за весникот Кориере дела сера.– „Исто така, ќе поднесеме барање да бидеме граѓанска страна во случајот“, додаде тој. Неколку лица сè уште се лекуваат од тешки изгореници во Милано по пожарот што се случи на Нова година. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одби да појасни што точно мислел со изјавата дека „помошта е на пат за Иран“, порачувајќи дека јавноста ќе мора сама да дознае. „Ќе морате сами да откриете. Жал ми е“, изјави Трамп, одговарајќи на новинарско прашање за неговите претходни пораки поврзани со Иран. Претходно, американскиот претседател преку својата социјална мрежа Truth Social јавно ги охрабри иранските демонстранти да продолжат со протестите, повикувајќи ги да ја преземат контролата врз институциите во земјата. „Ирански патриоти, продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Ќе платат висока цена.…

Повеќе

Пејачката Живкица Милетиќ, која ја обележа естрадната сцена во 80-те и 90-те години, проговори за својата кариера, колегите и плановите за иднината. Старите снимки покажуваат колку била ценета – на еден видео-запис се гледа како за само три секунди добива повеќе од 3.000 евра, додека гости лепат банкноти од 500 и 200 евра по телото, најмногу по челото. Иако денес живее далеку од јавноста, Живкица се појави на прослава организирана од хармоникашот Борко Радивојевиќ, каде ја сподели својата перспектива за музичката сцена и колегите од естрадата. Таа нагласи дека не ја засега критиката за „селска музика“ бидејќи пее за народот,…

Повеќе

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Тема на денот на телевизија Сител. Во контекст на утрешната лидерска средба, која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја најави во празничното интервју на 7 јануари, со што кажа дека ќе упати покани до политичките партии за истата, Николоски истакна дека нема да има фиксен дневен ред, со цел да се остави простор секој од учесниците да покрене точки за кои што смета дека се значајни. ,,Ние сме спремни да дискутираме за секоја точка. Секако ќе имаме позиции и ставови по однос на секоја точка, но ниедна тема не ја отфрламе и…

Повеќе

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е и актуелен заменик претседател на Владата и министер за транспорт, вели дека утрешната лидерска средба е доброволен чин и дека е иницирана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да се разговара за најкрупните прашања кои во моментот се во политичкиот фокус на државата. – Мислам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ покажаа една големина имајќи предвид дека имаме скоро двотретинско мнозинство во Собранието, една крајно комотна позиција која не е условена од било какви преговарања или договарања. Без разлика на тоа, решивме да иницираме лидерска средба за најкрупните прашања кои сметаме дека во моментот се…

Повеќе

Меѓународната јавност е шокирана од извештаите за масовно насилство во Иран, каде бројот на жртвите во антивладините протести, според различни проценки, се движи од неколку илјади до десетици илјади. Американската телевизиска мрежа CBS објави дека најмалку 12.000 лица загинале, со можност бројката да достигне и до 20.000, повикувајќи се на извори од самата земја. Податоците значително се разликуваат поради строгата контрола и блокадата на информации од страна на иранските власти. Каналот Iran International тврди дека само на 8 и 9 јануари животот го загубиле околу 12.000 лица. Од друга страна, организацијата за човекови права HRANA наведува најмалку 2.000 загинати и…

Повеќе

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон одбија да сведочат во конгресната истрага за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, која ја водат републиканците во Претставничкиот дом. Двојката оценува дека истрагата е политички мотивирана и насочена кон партиски поени. Во писмо испратено до републиканскиот пратеник Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор, Клинтонови наведуваат дека „секој човек мора да одлучи кога му е доста“, додавајќи дека за нив „тој момент дојде сега“. Комер реагираше со закана дека ќе побара Бил и Хилари Клинтон да бидат прогласени за виновни за непочитување на Конгресот доколку не…

Повеќе

Од ДУИ потврдија дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба која ја свика Мицкоски. Но, без детали каков ќе биде ставот на Ахмети за техничката влада. Пратеничката Зендели кажа дека останува до утре Ахмети да размисли каков став ќе даде. За ставот за укинување на техничка влада, тоа останува ексклузивно право на претседателот да одлучи, кажа Зендели.

Повеќе

Министерството за финансии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата еврообврзница, со што државата обезбеди вкупно една милијарда евра преку две транши. Станува збор за обврзници со рок на достасување од 4 и 8 години, во износ од по 500 милиони евра. Од Министерството истакнуваат дека успешното пласирање на осумгодишна еврообврзница претставува силен сигнал за довербата на инвеститорите во економските политики и реформските планови на Владата. „Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од…

Повеќе