- Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор
- Потпишана декларација за соработка со Северна Рајна-Вестфалија
- Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени
- Мицкоски: Министри Албанци за правда, не сакаа да го решат прашањето со правосудниот испит, се работи на одржливо решение
- Петрушевски: Новиот Закон за правична застапеност ќе се темели на мерит-систем, а не на партиски вработувања
- Венс: Договорот за завршување на војната со Иран ќе биде објавен во текот на неделата
- Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила – МВР го обезбеди сторителот
- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
Author: Author 03
Возач на автомобил БМВ загина во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница во близина на селото Мирковци. Полицијата информира дека нешто пред 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека автомобил излетал од патот. „Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата“, велат од МВР. Во тек е увид на местото на трагичната несреќа.
Смртта на Ивана и Катја не се изолирани случаи. Во само два месеци од годинава, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство регистрира четири изгубени животи како последица на родово базирано насилство и семејно насилство. А податоците на МВР покажуваат континуиран раст на насилство врз најблиските дома. За 10% е зголемен бројот на кривични дела кои МВР ги класифицира како семејно насилство за само една година. Енормен раст има кај делот на поплаки кои пораснале за 29%. Ако ги анализираме податоците за цела декада, насилството е зголемено за 20,46%, довека бројот на поплаки за 44,61 проценти. Најголемиот дел…
Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Овалната соба, испрати клучни пораки во врска со воената операција во Иран и нејзиното влијание врз глобалниот пазар на енергенси. Нафтениот пазар по конфликтот Иако тековните напади на САД и Израел предизвикаа потрес на берзите, Трамп уверува дека ова е само привремена состојба. Тој предвидува дека по завршувањето на воените дејствија, цената на нафтата драстично ќе се намали. „Значи, ако имаме малку повисока цена на нафтата некое време, штом ова ќе заврши, тие цени ќе се намалат. Верувам дека ќе бидат пониски дури и од…
Блискиот Исток влегува во нова, опасна фаза на ескалација откако силни експлозии одекнаа низ клучните градови во Заливот – Доха, Дубаи и Абу Даби. Според извештаите на новинарите и локалните жители, Иран започнал обемна кампања со ракетни напади и беспилотни летала насочени кон овие стратешки центри. Детонации во економските центри Сведоци од теренот известуваат за силни звуци на експлозии кои го парализираа секојдневниот живот во Дубаи и во главниот град на Катар, Доха. Слична е состојбата и во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, каде жителите потврдуваат дека нападите се почувствувале со голем интензитет. „Новинарите слушаат гласни експлозии што одекнуваат…
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) ја разгледува можноста за напад врз кампот на Муџахедините (МАК) во Албанија, во услови на засилени регионални тензии и проширување на безбедносните ризици надвор од Блискиот Исток, пишува caliber.az, објавија дел од албанските медиуми. -Според објава на прес-службата на ИРГЦ на Телеграм, потенцијалните активности би се однесувале на објект што Техеран го смета за поврзан со „непријателски активности“. Станува збор за комплексот Ашраф-3, лоциран во селото Манза, во близина на пристанишниот град Драч, каде што од 2013 година се сместени над 3.000 членови на МЕК, наведуваат медиумите. Одредени извори, повикувајќи се на неодамнешни ирански удари…
Дека на ден 12.02.2026, е спроведена акција од надлежните служби во Армијата, при што кај армиски припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина. По пронаоѓањето на сомнителната содржина, согласно процедурите во Армијата, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен обвинител и лицето е лишено од слобода. По целосното комплетирање на случајот против припадникот на Армијата е поведена соодветна постапка. Како за овој случај, така и во иднина, Армијата со уште поголем интензитет ќе продолжи да презема мерки и активности за превенција и спречување на вакви појави. Армијата е институција изградена врз принципите на…
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност. Во 20:00 часот, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, Ј.П.(43) од Скопје пријави дека на 02.03.2026 околу 11:30 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија. Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата. „Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека воените операции против Хезболах во Либан нема да запрат, нагласувајќи дека целта е целосно обезбедување на северните граници на Израел. Во последното обраќање, тој истакна дека израелските одбранбени сили (ИДФ) имаат јасна наредба да дејствуваат со сета расположлива моќ. „Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах. И му велам на либанскиот народ: нашата војна не е против вас, нашата војна е против Хезболах“, изјави Нетанјаху, прецизирајќи дека нападите се насочени кон инфраструктурата на милитантната група. Проширување на операциите Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во координација со премиерот, веќе одобри заземање на дополнителни стратешки позиции…
