Author: Author 03

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес. Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е иницијативата на македонската влада за склучување на Договор за стратешка соработка со владата на Република Хрватска. Сиљановска-Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана хрватска поддршка за македонскиот евроинтеграциски процес. Таа го поздрави ставот…

Повеќе

Во своите први изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека води разговори со Иран за ставање крај на војната, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел „ќе ги заштити своите витални интереси во секоја ситуација“. Во видео изјава, Нетанјаху рече дека денеска телефонски разговарал со „нашиот пријател“ Трамп. – Трамп верува дека постои шанса да се искористат масивните достигнувања на ИДФ (израелските одбранбени сили) и на американската војска со цел да се постигнат целите на војната преку договор — договор кој ги штити нашите витални интереси – рече Нетанјаху. Во исто време, како што пренесе Тајмс оф Израел, Нетанјаху…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази задоволство од посетата, истакнувајќи дека се чувствува „како дома“ во духовниот храм, кој го оцени како важен центар за зачувување на идентитетот, културата и традицијата на Македонците во дијаспората. Претседателката упати благодарност до хрватските власти и граѓани за поддршката и разбирањето, овозможувајќи македонската заедница да има свој духовен дом. Сиљановска-Давкова нагласи дека хрватско-македонските односи се пример за успешна соработка, потсетувајќи на долгата историска поврзаност меѓу двете земји, од…

Повеќе

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека во текот на процесот на избор немал никакви контакти со Владата, ниту со премиерот. Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на директно прашање дали бил контактиран од Владата, односно од премиерот, кусо одговори: „Не.“ Савески изјави дека и самиот бил изненаден од таквиот развој на настаните, но го оценува како знак на водење грижа за интегритетот на процесот. – Меѓу тие многумина коишто биле зачудени, бев и јас. Да бидам искрен, очекував да бидам повикан од професионален аспект, како некој којшто евентуално би бил предложен или разгледуван да биде…

Повеќе

Мерката на Владата за горивата е задоцнета, нема да даде ефект и нема да го заштити стандардот на граѓаните, нагласи потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, во вечерашната дебата на „Топ тема“, на телевизија Телма. Тренчевска посочи дека денешното зголемување на цената на дизелот сериозно ќе ја погоди индустријата, што понатаму ќе придонесе за дополнително покачување на цените на храната. „Досега имаме трипати зголемување на цената на горивата, во истиот период основните прехранбени производи во маркетите се качуваат, како што е цената на зејтинот, на месото, на јајцата, на овошјето и зеленчукот. Вчера се зборуваше за намалување на цените…

Повеќе

Фолкерот Дарко Лазиќ минува низ најтешкиот период во својот живот. Откако го погреба сопствениот брат и се соочи со незамислива загуба, тој се обидува да најде сила да издржи и да продолжи понатаму. Тој повторно се збогува со Драган со емотивна објава, во која ги откри шокантните детали од нивниот последен разговор. Имено, пред да патуваат на Малдивите, Дарко Лазиќ и неговиот брат се согласија да снимат неколку песни во студиото на познат хармоникаш, а Борко Радивојевиќ потврди сè. Сега пејачот ги растажи сите со својата исповед. -Брат ми Драган ме замоли да му напишам песна два дена пред да…

Повеќе

Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници. Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот превезувал припадници на вооружените сили. – Точниот број на жртви и причините за падот сè уште не се утврдени – рече Санчез. Локалното радио БлуРадио (BluRadio), повикувајќи се на официјални извори, наведува дека во авионот имало…

Повеќе

Кралицата Камила (78) се одлучи за популарен козметички третман, тетовирање на веѓи. Таа го покажа својот нов изглед, кој вклучува пополни и подефинирани веѓи, претходно оваа недела, а постапката ѝ ја довери на познатата лондонска експертка Сузан Мартин. Третманот чини 1.870 долари (околу 1.720 евра) и е дизајниран да постигне што е можно поприроден изглед. Постапката, наречена Couture Brow, вклучува цртање на секое поединечно влакно на кожата со помош на специјално пенкало за тетовирање. Пред третманот, секој клиент поминува низ детална консултација и избор на нијанса, а пигментот се инјектира веднаш под горниот слој на кожата. Третманот се изведува во…

Повеќе

Турција, Египет и Пакистан во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да го деескалираат конфликтот, објавува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски извор. Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек и постигнува напредок… Во тек се разговори за завршување на војната и решавање на сите преостанати прашања. Се надеваме дека наскоро ќе имаме одговори“, рече неименуваниот извор. И Си-Ен-Ен денеска објави, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите, дека…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази оптимизам дека е можен договор со Иран. По денешната најава за петдневен прекин на нападите врз ирански енергетски објекти, Трамп изјави дека САД разговарале и со Израел за можен договор, кој би вклучувал и гаранција дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје. Говорејќи пред полетувањето на претседателскиот авион од Florida кон Memphis, Трамп рече дека Израел би бил задоволен доколку се постигне договор и оцени дека тоа би значело долгорочен мир во регионот. „Мислам дека Израел ќе биде многу задоволен. Тоа ќе биде мир за Израел, долгорочен и гарантиран. Не можам да гарантирам дека…

Повеќе