Close Menu
Press24
    Најново

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: 3,5 милиони евра тендери за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити

    ДУИ: 3,5 милиони евра тендери за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити

    12.06.2026 во 08:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир, се вели во соопштението од ДУИ.

    Ви го пренесуваме соопштението интегрално:

    Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот кога со општината раководел Изет Меџити.

    Она што дополнително го прави случајот загрижувачки е фактот што Аднан Синани, кој во јавноста важи за човек од најблискиот круг на Изет Меџити, е директно поврзан со адресата од која работи оваа компанија. Токму затоа, граѓаните имаат право да бараат целосна транспарентност и јасни одговори.

    Кој ја препорачал оваа компанија?

    Како е можно новоформирана компанија за толку краток период да добие јавни договори вредни над 3,4 милиони евра?

    Дали постоеле лични, семејни, деловни или политички врски кои влијаеле врз овие постапки?

    Зошто токму оваа компанија била добитник на милионски договори и за време на мандатот на Висар Ганиу и во периодот на Изет Меџити?

    Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство и другите надлежни институции ќе отворат постапка за да ги испитаат сите околности поврзани со овој случај?

    Мора да се отстрани секој сомнеж за фаворизирање на лица блиски до власта.

    Колку поблиску е еден корисник на јавни средства до центрите на политичко одлучување, толку повисок мора да биде стандардот на транспарентност.

    Затоа, ДУИ ги повикува надлежните институции без одлагање да постапат и независно да ги истражат сите аспекти на овие договори.

    Парите на граѓаните не се ничија приватна сопственост. Секое евро мора да биде оправдано, а секој сомнеж мора да добие одговор.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.