Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа

    10.06.2026 во 08:13

    Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    10.06.2026 во 08:10

    Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание

    10.06.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“
    • Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија
    • Насилството врз жените и семејното насилство на дневен ред во Собранието
    • Крај на учебната година: Учениците на распуст, полуматурантите пред уписи
    • Многу топло, па силно невреме – Од петок уште полош пресврт со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека во текот на процесот на избор немал никакви контакти со Владата, ниту со премиерот. Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на директно прашање дали бил контактиран од Владата, односно од премиерот, кусо одговори: „Не.“

    Савески изјави дека и самиот бил изненаден од таквиот развој на настаните, но го оценува како знак на водење грижа за интегритетот на процесот.

    – Меѓу тие многумина коишто биле зачудени, бев и јас. Да бидам искрен, очекував да бидам повикан од професионален аспект, како некој којшто евентуално би бил предложен или разгледуван да биде предложен, сметав дека е сосема легитимно да бидам повикан и да имаме средба на којашто јас би ги презентирал своите идеи – вели Савески.

    Тој смета дека ваквиот пристап од Владата имал за цел да избегне сомнежи за политичко влијание врз неговата кандидатура.

    – Јас така гледам на тоа и искрено, мене тоа ми причинува огромно задоволство и верувам дека намерите на Владата со таквиот однос кон мене се токму да се испрати порака дека не сакаат да остават простор дека јас сум нивни предлог откако се остварила некоја средба или има некоја позадина – нагласи Савески.

    Во однос на идната комуникација со институциите, државниот обвинител најавува дека самиот ќе иницира средби со претставници на извршната власт, но исклучиво во насока на институционална соработка и реформи.

    – Ниедна институција не може изолирано да функционира. Соработката помеѓу институциите е неопходна, просто самиот ‘чекс-енд-балансис систем’ на којшто уставно е изграден нашиот правен поредок бара меѓуинституционална соработка. Јас би побарал лично средба со премиерот и конкретни министри со коишто би сакал да поразговарам откако ќе ја мапирам состојбата во Обвинителството – рече Савески.

    Сепак, потенцира тој, на таквите средби нема да се разговара за конкретни предмети. – Секако не. Секако не – одговори државниот обвинител.

    Во однос на критиките од премиерот за правосудството, тој вели дека нема да ги коментира директно, но смета оти секоја критика треба да се анализира.

    – Секоја критика, според мене, е само начин да видиме каде сме, каде треба да се коригираме и во кој правец треба да продолжиме – изјави Савески, нагласувајќи дека тие не смеат да влијаат врз независноста на обвинителството, туку да послужат како основа за подобрување.

    Прочитај повеќе

    Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа

    10.06.2026 во 08:13

    Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    10.06.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.