- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Во неочекуван стратешки потег кој ги смири светските пазари, Иран донесе одлука да дозволи непречен премин на „непријателски“ танкери низ стратешки клучниот Ормутски Теснец. Овој развој на настаните доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека се подготвува „големо изненадување“ кое ќе го промени текот на односите меѓу Вашингтон и Техеран. Дипломатија зад сцената Иако официјален Техеран тврди дека одлуката е донесена со цел да се покаже добра волја за регионална стабилност, многумина аналитичари сметаат дека ова е директен резултат на тајните преговори со администрацијата на Трамп. Слободниот проток на нафта низ овој теснец е од витално…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот Фејсбук профил, во која наведува дека во фокусот на разговорот биле економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за реализација на заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес. –Денеска во Владата одржавме средба со германските амбасадори во регионот, на која разговаравме за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Во фокусот беа економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес,…
Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова Пановска посочи дека мерката на Владата за намалување на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати на 10% е задоцнета и недоволна, а реалниот товар од кризата ќе падне врз граѓаните. „Не може да имаат граѓаните заштеда, особено не во милионски суми, ако денеска дизелот не чини 3,5 денари повеќе отколку што не чинеше во неделата. Дизел горивото за последниве 3 месеци ја крена цената за повеќе од 50%,…
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година. „Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус. .@RFERL’s North Macedonia Service (@RSE_Makedonski) and Pashto-language service, Radio Mashaal (@MashaalRadio) will close on March…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш ја брануваше меѓународната јавност со своите последни изјави насочени кон израелското раководство. Според Ердоган, актуелните воени дејствија не се само прашање на безбедност, туку лична агенда на израелскиот премиер која го загрозува целиот регион. Критика за „верскиот фанатизам“ Ердоган во своето последно обраќање истакна дека политиките на Израел ги надминуваат границите на воената одбрана. Тој предупреди дека зад „војната на Нетанјаху“ стојат цели кои се поврзани со регионална експанзија, користејќи остра реторика за да го опише дејствувањето на израелските сили во Газа и Либан. Турскиот лидер беше дециден во својата порака до светот:…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите во Овалната соба за војната во Иран, јави Би-би-си Медиумот забележува дека единственото прашање што не било иницирано било можното распоредување на американски трупи во Иран. Еден час пред појавувањето на Трамп, неколку новински агенции објавија дека Пентагон е близу до финализирање на наредбата за испраќање илјадници американски трупи во Иран. Но, Трамп не беше прашан за потенцијално распоредување на трупи, ниту самиот не го спомена тоа. Трамп рече дека САД преговараат за потенцијален крај на војната со Иран и дека, како дел од тие разговори, Иран се согласил да се откаже…
Со длабока тага утрово ја примивме веста дека почина нашиот другар и сопартиец Кирил СЛЕЗЕНКОВСКИ, соопштија од политичката партија Левица. Кирил беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на општина Илинден, но неговото значење не се сведуваше на функциите. Беше пример за човек кој политиката ја разбира како одговорност кон луѓето, а не како позиција. Беше самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми. Другарството, чесноста, енергичноста, интелигенцијата, солидарноста и позитивниот дух беа вредности што Кирил ги поседуваше и секојдневно живееше.Во време кога многумина ја сведуваат политиката на личен интерес и калкулации, Кирил…
Денеска сме на уште една улица во Ѓорче Петров. Се работи континуирано и неуморно, со цел да излеземе во пресрет на што е можно поголем број жители на нашата општина. И тука нема да застанеме, објави на својата Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски. -За скоро време започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Воин Драшкоци“ во Хром. Во план е и уредување на главниот пат во населбата позади Кам Молот во Ново Село, како и целосна реконструкција на патот кон Кучково, вели Стојкоски. Остануваме посветени на реализација на сите проекти што ги ветивме, со цел целосна ревитализација на…
На 23.03.2026 во 18:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар и мотоцикл „кросер“, управуван од А.Ф.(19) од Гостивар. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информира МВР. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата.“Ние имаме Национален Документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е тој распределен, кој е одговорен за него…
