Author: Author 03

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Републиката, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 5.0Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

Повеќе

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ по ставовите на Филипче изнесени во Топ Тема. Филипче е лидер без кредибилитет, под целосен диктат на Зоран Заев, кој не може да ја консолидира СДС. СДС е партија во ерозија, маргинализирана опозиција, а Филипче ја сведе партијата на петто место во Скопје и трета партија во државата со под 100 000 гласа. Филипче ја води СДС кон пропаст и целосно исчезнување додека по насока на Заев оди на средби во Ниш со Милјан Шчекиќ…

Повеќе

Христијан Мицкоски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма. „Тоа што се повеќе излегува на виделина всушност дека премиерот Христијан Мицковски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија. Еврокомесарката за проширување Кос, кажа дека нема да примаат во Европа тројански коњи, а сега гледаме изминативе денови во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто бил тој кој што ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот Совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин. Што направи Христијан Мицкоски…

Повеќе

Нема да дозволам поделби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче посочи дека во период кога СДСМ ги разоткрива криминалните дејствија на ВМРО, нема да дозволи создавање структури кои ќе работат во интерес на власта. „Сакам јасно да кажам, нема да дозволам втор ЗНАМ. Јас нема да дозволам повторно отцепување во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме и разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат“, рече Филипче. Во интервјуто, Филипче порача дека актуелните иницијативи кои…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, посочи дека предлог-програмата што ја презентира на вечерашниот Централен одбор на партијата доаѓа ги содржи идните политики и мерки на СДСМ за граѓаните. „Основата за оваа предлог-програма доаѓа од стручните комисии на партијата и процесот на финализација на програмата ќе заврши на 7 јуни со програмски Конгрес, на којшто програмата треба да се усвои. Притоа, пред Конгресот, односно на 6 јуни, ќе се одржи меѓународен состанок со сестринските партии од регионот, на којшто ќе потпишеме заедничка декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба…

Повеќе

Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба, во домот на неговиот сосед В.Д.(39), по претходно недоразбирање, истиот физички го нападнал, при што пријавителот се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава, Полска. На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното пријателство и споделените вредности што двете земји ги негуваат повеќе од три децении. Притоа нагласи дека тоа претставува солидна основа за континуиран раст и унапредување на севкупната соработка. Двајцата министри се согласија дека во претстојниот период значаен фокус ќе…

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на маргините на 14-тиот состанок на Специјалната работна група за реформа на јавната администрација, кој за првпат се одржува во Брисел. На средбата се разговараше за напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформата на јавната администрација, како и за следните чекори во насока на усогласување на националниот систем со европските стандарди. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на започнатите реформски процеси, професионализацијата на администрацијата, зајакнувањето на системот базиран на заслуги и унапредувањето на…

Повеќе

Во дебатите и секојдневните разговори, некои луѓе полесно попуштаат и ги прифаќаат туѓите мислења, додека други имаат силна потреба да го искажат својот став до крај. За нив е важно нивното мислење да се чуе и тие да го остават последниот збор во разговорот. Таквото однесување понекогаш може да доведе до тензии, но често произлегува од силен карактер и убеденост во сопствените ставови. Астрологијата сугерира дека припадниците на одредени хороскопски знаци се особено склони кон овој вид комуникација. Тие сакаат да се расправаат, да ги бранат своите мислења и тешко се откажуваат од расправија сè додека не кажат сè што…

Повеќе

Во време на високи цени на енергенсите, Данска објави официјални препораки за возачите кои сакаат да ја намалат потрошувачката на гориво. Според данските експерти, не е секогаш работата во автомобилот – голем дел од заштедата лежи во начинот на кој возиме. Клучни совети за максимална ефикасност Данските власти издвоија неколку клучни точки кои можат значително да го растоварат вашиот буџет: Оригинална изјава Од данската агенција за енергетика нагласуваат дека промената на свеста е клучна: „Малите промени во секојдневните навики на патиштата можат да направат голема разлика на крајот на месецот. Нашата цел е да им покажеме на граѓаните дека економичното…

Повеќе