Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мицкоски е прокси руски играч

    Филипче: Мицкоски е прокси руски играч

    25.03.2026 во 20:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.

    „Тоа што се повеќе излегува на виделина всушност дека премиерот Христијан Мицковски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија. Еврокомесарката за проширување Кос, кажа дека нема да примаат во Европа тројански коњи, а сега гледаме изминативе денови во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто бил тој кој што ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот Совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин. Што направи Христијан  Мицкоски и нашата влада, не ставија во скут на таа земја на тие луѓе директни соработници на рускиот претседател и агресор Путин“, рече Филипче.

    Притоа, Филипче додаде дека не станува збор за некоја традиционална близина меѓу Македонија и Унгарија туку за бизнис интереси, а за сметка на тоа државата ги губи парите од европските грантови. 

    „Што е причината и зошто тогаш сме задолжени една милијарда евра преку владата на Орбан со самото доаѓање на таа влада. Понатаму како дадоа приоритет на Коридорот 10 над Коридорот 8 со што земјава изгуби 140 милиони евра, огромен дел грантови од Европска Унија. Зошто и што е причината?Што е причината за доаѓање на унгарскиот телеком „Фор Ај Џи“ тука кај нас и тоа е телеком кој што го води човек близок во премиерот Орбан, што е причината да  за инвестиции во енергетскиот сектор наеднаш да дојдат унгарски компании, повторно ќерки фирми на луѓе од Унгарија блиски до премиерот Орбан“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.