Close Menu
Press24
    Најново

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема романса за три знаци
    • Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
    • САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
    • Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
    • Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
    • Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
    • Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев од Брисел: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија

    Минчев од Брисел: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија

    25.03.2026 во 19:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на маргините на 14-тиот состанок на Специјалната работна група за реформа на јавната администрација, кој за првпат се одржува во Брисел.

    На средбата се разговараше за напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформата на јавната администрација, како и за следните чекори во насока на усогласување на националниот систем со европските стандарди. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на започнатите реформски процеси, професионализацијата на администрацијата, зајакнувањето на системот базиран на заслуги и унапредувањето на квалитетот на јавните услуги за граѓаните.

    -Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови во процесот на европска интеграција на државата. Во изминатиот период преземавме значајни законски и институционални чекори, а во следната фаза нашиот приоритет е нивна доследна и ефективна имплементација, со цел изградба на модерна, професионална и департизирана администрација, истакна министерот Минчев.

    Во фокусот беше и Нацрт-патоказот за реформа на јавната администрација, кој во текот на 2024 и 2025 година беше дополнително усогласуван со Европската комисија, Реформската агенда 2024–2027 и препораките од извештајот на СИГМА. Патоказот, усвоен од Владата во ноември 2025 година, ги дефинира клучните приоритети за модернизација на јавната администрација.

    Министерот Минчев нагласи дека партнерството со Европската комисија останува клучно за успешното спроведување на реформите.

    -Очекувам дискусиите во Брисел дополнително да го зајакнат партнерството со Европската комисија и да обезбедат континуирана поддршка за реформските процеси, кои се од суштинско значење за напредокот на Македонија на патот кон членство во Европската унија, истакна Минчев.

    Популарно

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.