- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Според хидролошката информација добиена од УХМР, за време на вечерните часови и ноќта започнувајќи најпрво од западните делови се очекуваат врнежи од дожд кои за време на раните утрински часови се очекува да се прошират и во источните делови и да ја зафатат целата територија на земјата. Иако на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат овие врнежи без излевање на водата надвор од нивните речни корита и без предизвикување на поплави. Единствено, доколку на места врнежите бидат интензивни и со пороен карактер, можно е да дојде до брзо зголемување на водостојот на…
Американската администрација под водство на претседателот Доналд Трамп ги финализира плановите за решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до властите во Техеран, нагласувајќи дека дипломатијата отстапува пред воената сила со цел трајно неутрализирање на иранската закана. Операцијата, која се нарекува „Финален удар“, предвидува четири клучни стратешки опции. Првата и најнепосредна е воспоставување целосна контрола врз Ормускиот Теснец преку окупација на стратешките острови Ларак и Абу Муса. Втората опција вклучува заземање на островот Харг, кој е главен центар за извоз на иранска нафта, со што економијата на земјата би била целосно парализирана. Секретарот за…
Тензиите на Блискиот Исток достигнуваат точка на вриење. Според извештаите на водечките светски медиуми и извори од Пентагон, американската војска развива стратегии за „конечен удар“ (Final Blow) врз Иран. Оваа операција, која би можела да вклучи масовна воздушна кампања, но и копнени трупи, има за цел да го принуди Техеран на преговори или да донесе дефинитивна воена победа за администрацијата на претседателот Трамп. Главниот фокус на Пентагон е насочен кон преземање контрола врз стратешките точки во Ормускиот Теснец, кој во моментов е блокиран. Меѓу опциите се окупација на островот Харг – главниот нафтен јазол на Иран, како и островите Ларак…
„Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 95-та седница на Собранието на Република Македонија, во одговор на пратеничко прашање даде пошироко објаснување за еДМС, систем кој подразбира целосно електронско управување со документи. „Овој систем е единствениот што гарантира дека преку електронската архива не може да имате загубени предмети, ниту, пак, предмети во фиока. Распределувањето на предметите се врши до последното лице во институцијата, а со подобрувањата што ги направивме имате целосна контрола на тој предмет, односно во секој момент знаете дали е во фаза на изработка, контрола или потпишување“, изјави Андоновски во своето обраќање. Во делот на сајбер-безбедноста на…
Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната собраниска седница за пратенички прашања постави две прашања до министерот за дигитална трансформација. Како што кажа таа, Владата му нуди на ЈО преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Василевска посочи и дека со воведување на електронска архива и дигитално управување со предметите, според неа, се најавува суштинска промена во работењето на институциите и крај на практиките на чување на предмети во фиока. ,,Колку институции досега се вклучени во системот за електронско…
Предизвиците со домувањето во Македонија и неможноста младите да дојдат до сопствен дом поради високите цени на становите, кои достигнуваат до 2.500 евра за метар квадратен во Скопје, предизвикаа полемика меѓу пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната. седница за пратенички прашања во законодавниот дом. Мециновиќ ја обвини Владата за негрижа кон работничките семејства и толерирање шпекулации на пазарот, додека министерот Николоски возврати дека високите цени се директна последица на блокирањето на урбанистичките планови и хистеријата што се создава против градежништвото особено во некои скопски општини и Охрид од страна на Левица и нивните…
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики до министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Нејзините три пратенички прашања се однесуваа на нетранспарентноста во работењето на Министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како и на односот кон вработените и клучните културни политики. Во продолжение интегрален текст од прашањето Костадиновска-Стојчевска: Министре, упорно продолжувате да не знаете што одговори се праќаат во ваше име до Собранието на пратеничките прашања и што потпишувате. Имено, на моите три пратенички прашања поставени на…
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп денеска излезе со драматично соопштение во врска со најновата воена ескалација. Според неговите изјави, Иран извршил ракетен напад врз стратешката американска воена база Диего Гарсија, лоцирана во Индискиот Океан, користејќи софистицирана технологија за која претходните воени проценки тврдеа дека Техеран не ја поседува. Овој напад врз една од најважните американски точки во светот е сериозен показател за зголемените воени капацитети на Иран во тековниот конфликт. Претседателот Трамп ја искористи приликата да ги искритикува претходните воени анализи и да ја нагласи моќта на својата администрација во соочувањето со вакви закани. Трамп беше дециден во своето обраќање:…
Додека регионот се соочува со низа економски предизвици, најновите податоци покажуваат дека Бугарија бележи импресивен раст. Во период од само девет години, бруто-домашниот производ (БДП) на земјата успеал речиси да се удвои, достигнувајќи вредности кои значително го менуваат економскиот пејзаж на нашиот источен сосед. Овој раст се припишува на комбинација од фактори, вклучувајќи го приливот на европски средства, зголемениот извоз и привлекувањето на странски инвестиции, особено во ИТ секторот и производството. И покрај политичките турбуленции со кои се соочуваше земјата во изминатите години, економските индикатори покажуваат нагорен тренд кој ја позиционира Бугарија како една од побрзорастечките економии во Европската Унија.…
