- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре до него, ќе одговара. Халил Снопче го праша премиерот Мицкоски дали ќе сноси одговорност за случајот со директорот на инспекторатот за земјоделство осомничен за поткуп или смета дека тоа е индивидуален чин. – Одговорност ќе бараме на избори. Кога станува збор за поддршката што јас ја барам, ја барам на избори. Што се однесува до случајот, ако изминативе повеќе од три децении кога допирале такви информации до тие…
Федерацијата Босна и Херцеговина денеска е погодена од силно невреме пропратено со обилни дождови и град. Град со големина на орев е регистриран во Меѓугорје, Неум и Мостар. Од студен бран денеска е погодена и Хрватска. Во Горски Котор паѓа снег, додека долж брегот на Јадранско Море дува силен ветер. Зимската служба е на терен, а издадени се и предупредувања за возачите.
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во „Дневникот“ на Сител, обвини дека Владата, наместо да донесе сет мерки за да се стопира енормното покачувањето на цените, задоцнетата, една мерка, која ја донесе не даде никаков резултат. “Имаме ново зголемување на цените на основните прехранбени производи. Намалување на ДДВ-то од 18 на 10% не покажа никаков резултат, цените растат и јас не знам економскиот министер во кој свет живее, кои бројки ги гледа и дали воопшто оди да пазари, на пазар или во супермаркет“, рече Тренчевска. Таа посочи дека Владата мора да ја надмине сопствената суета и да ги прифати предложените мерки…
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп уште еднаш ја демонстрираше својата стратегија на „максимален притисок“, овојпат насочена директно кон главниот извор на приходи на иранскиот режим. Во својата последна изјава, Трамп јасно стави до знаење дека преземањето контрола врз иранските нафтени капацитети е реална опција што се разгледува во рамките на тековниот воен конфликт. Целта на оваа стратегија е двојна: целосно запирање на финансирањето на иранските воени операции и истовремено обезбедување на глобалните енергетски пазари од можни шокови предизвикани од блокадата на Ормускиот Теснец. Клучна точка во овој план е островот Харг, каде што се наоѓа најголемиот нафтен терминал во Иран,…
Слаб снег попладнево провејува на Попова Шапка но засега тој не претставува пречка за одвивање на сообраќајот, информира Јавното претпријатие „Македонија пат“. Според информациите на јавното претпријатие, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Унапредувањето на институционалната соработка и континуираниот развој на локалната самоуправа беа во фокусот на денешната средба помеѓу градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс, во рамки на нејзината официјална посета на општината. Настанот го потврдува цврстото партнерство и заедничките заложби за креирање модерни услови за живот на граѓаните. За време на работниот состанок, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги презентираше клучните капитални инвестиции и стратешките приоритети на локалната самоуправа. Посебен акцент беше ставен на инфраструктурниот развој, унапредувањето на општинските услуги, како и на креирањето инклузивни политики кои гарантираат…
На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, во однос на случајот со масовното труење на работници во РЕК Битола. Во прашањето, Николова побара детално да се испита причината и да се лоцира одговорноста. Во продолжение е интегралното прашање на Николова: Имаме информации, тоа веќе, нели, јавно се споделени информации, дека во РЕК Битола поголем број на работници се жртви на масовно труење кое се случило во кујната на РЕК Битола. Инспекциските служби на АХВ, како и други надлежни…
Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова на денеска седница за пратенички прашања, упати прашање до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во кое посочи дека процесот за стекнување звање наставник ментор и наставник советник во основното и средното образование е административен лавиринт дизајниран за партиски награди или елиминација и системско понижување на македонскиот наставник. Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Николова: Денеска ќе зборувам со документи, со броеви на Службен весник, со конкретни докази во однос на прашањето за образованието, низ коишто ќе видиме како Министерството за образование ги наградува најдобрите наставници. Според она што го имаме како информација,…
Лидерот на словачката опозициска партија Слобода и солидарност, Бранислав Гролинг изјави дека полицијата води истрага против премиерот Роберт Фицо за предавство и други кривични дела. – Пред еден месец поднесов жалба против Фицо за предавство и други кривични дела. Покрај моите колеги од Слобода и солидарност, на оваа жалба се придружија над 13.00 луѓе, што ја прави најголема во историјата, посочи Гролинг. Претставниците на Слобода и солидарност поднесоа неколку жалби до Генералното обвинителство на крајот на минатиот месец. Според нив, Фицо направил бројни прекршоци со своите изјави и дејствија насочени кон запирање на снабдувањето со така наречена итна електрична енергија…
Руинирани ходници, откорнати инсталации, искршени прозорци и запуштени простории. Вака изгледа зградата во која треба да работи Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Екипата на Сител влезе во овој објект, кој однадвор изгледа прилично модерно, но внатре има апокалиптични сцени. Оваа зграда наместо да биде полна со вработени од Агенцијата, оставена е на забот на времето. Полна е со прашина, крадциte често ја посетуваат, а некогаш е и засолниште за бездомните лица. Државата конечно реши да стави крај на оваа негрижа. Потписите се веќе на маса, парите се обезбедени, а реконструкцијата на објектот на Платежната агенција стартува уште утре. Директорката…
