- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Силно невреме проследено со интензивни грмежи и обилен град попладнево ги погоди деловите на Херцеговина, оставајќи зад себе сцени кои повеќе потсетуваат на зима отколку на пролет. Најпогодени се подрачјата на Широки Бријег и Груде, каде за многу кратко време падна огромно количество град. Улиците во овие градови буквално „побелеа“, а сообраќајот беше во целосен прекин или се одвиваше со големи потешкотии. Локалните медиуми пренесуваат снимки на кои се гледа како патиштата се прекриени со слој мраз, додека возачите биле принудени да ги запрат своите возила поради екстремно намалената видливост и лизгавиот коловоз. Сведоци на теренот ја опишуваат состојбата како…
Христијан Мицкоски денеска му делеше задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница – што да прави, како да постапува, кого да гони, кои предмети да ги отвора, велат од СДСМ. Исто како што преку телевизии елиминираше кандидати. Ова е тоа погребување на правдата и воспоставување тотална контрола на власта над обвинителството и судството. Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази има колку сака – и за него и за неговата организирана криминална група – ВМРО. Но, ова е најава на она што СДСМ веќе со месеци го зборува. После Дубаи, Харис…
За фалсификување уметнички дела и за нелегална трговија со антиквитети се товари познат трговец и сопственик на галерија во Атина, кој вчера беше уапсен од грчката полиција, откако на социјалните мрежи нудел за продажба Евангелие од 18 век, јави дописничката на МИА од Атина. Според неофицијалните информации, во магацин што уапсениот го користел во населба во јужниот дел на Атина, биле пронајдени над 300 уметнички дела, од кои повеќето се фалсификувани и над 200 илјади евра. Истрагата започнала откако сопственикот на галеријата преку видео на социјалните мрежи, нудел на продажба Евангелие од 1745 година, кое било пронајдено и запленето и…
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании. Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера. Оваа иницијатива промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развојот на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите. Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната…
Претседателот Филипче ја презентираше новата предлог Платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата. Преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните ќе биде подготвена финалната верзија на Програмата која ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот Конгрес на СДСМ. Свикување на 32 Конгрес – програмски конгрес на 7 јуни (недела). За нови членови на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ избрани се: Соња Стаменкова – актуелна градоначалничка на Македонска Каменица. Слободен Чокревски – професор, поранешен носител на неколку јавни функции. Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ Тања Илијовска – Дипл. економист. Рубин Земон…
Американскиот претседател ќе отпатува во Пекинг на 14 и 15 мај, соопшти Белата куќа. Трамп претходно требаше да отпатува за Кина меѓу 31 март и 2 април, пред војната на САД и Израел против Иран да ги попречи тие планови. Првичните планови вклучуваа средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за да се разговара за трговијата по интензивната војна со царини која деескалираше дури кон крајот на 2025 година. Кина ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран и повика на дијалог меѓу завојуваните страни. Ова ќе биде прва посета на Трамп на Пекинг во неговиот втор претседателски мандат. Неговото…
Во случај кој би можел да постави историски преседан во дигиталниот свет, технолошките корпорации „Мета“ (сопственик на Фејсбук и Инстаграм) и „Гугл“ (сопственикик на Јутјуб) се соочуваат со сериозни правни последици. Судската разрешница наложува исплата на милионски суми поради тврдењата дека нивните платформи директно придонеле за уништување на менталното здравје на 20-годишна девојка. Зависните алгоритми под лупа Тужбата се заснова на тврдењето дека платформите користеле софистицирани и агресивни алгоритми дизајнирани да предизвикаат зависност, таргетирајќи ги младите корисници во нивните најранливи години. Според наводите, девојката била изложена на штетни содржини кои довеле до сериозни нарушувања во исхраната, депресија и анксиозност. „Овие…
Опозицијата е лицемерна, манипулира и неаргументирано ја обвинува власта дека е изолирана поради тоа што не ги прифаќа ултиматумите на патот за членство во ЕУ, за наводен договор за прием на мигранти од Велика Британија, оти тешко се справува со кризата предизвикана од случувањата на Блискиот Исток, како и дека не работи за интересите за граѓаните, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Но, како што вели, реалноста е поинаква и неа ја гледаат граѓаните кои постојано и даваат поддршка на Владата, што, според него се гледа и од последните анкети. – Пред тргнувањето за Брисел коментарите беа дека ВМРО-ДПМНЕ…
Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми. Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување. – Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денеска изјави дека „разговорите продолжуваат“ меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и оти американскиот претседател Доналд Трамп „сака мир“, но доколку Иран не сфати дека е поразен, земјата ќе биде погодена со напади „посилно од кога било досега“. Ливит, говорејќи за преговорите за прекин на војната во Иран на конференција за новинари во Белата куќа, рече дека Трамп „не блефира и е подготвен да ослободи пеколот“. – Иран не би требало повторно да згреши. Нивната последна погрешна проценка ги чинеше нивното највисоко раководство, нивната морнарица, нивното воено воздухопловство и нивниот систем за противвоздушна одбрана…
