Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Кристи Пајк се освести и почна да зборува – единствената личност во САД која преживеа смртна казна
    • „Оперирал“ низ Аеродром, полицијата му најде 12 украдени велосипеди
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос во сообраќајот: Невреме со грмежи и мраз ја парализираше Херцеговина

    Хаос во сообраќајот: Невреме со грмежи и мраз ја парализираше Херцеговина

    26.03.2026 во 17:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силно невреме проследено со интензивни грмежи и обилен град попладнево ги погоди деловите на Херцеговина, оставајќи зад себе сцени кои повеќе потсетуваат на зима отколку на пролет. Најпогодени се подрачјата на Широки Бријег и Груде, каде за многу кратко време падна огромно количество град.

    Улиците во овие градови буквално „побелеа“, а сообраќајот беше во целосен прекин или се одвиваше со големи потешкотии. Локалните медиуми пренесуваат снимки на кои се гледа како патиштата се прекриени со слој мраз, додека возачите биле принудени да ги запрат своите возила поради екстремно намалената видливост и лизгавиот коловоз.

    Сведоци на теренот ја опишуваат состојбата како екстремна: „Градот паѓаше со толкав интензитет што за помалку од десет минути сè побеле како да паднал снег од половина метар. Грмежите беа толку силни што предизвикаа паника кај граѓаните.“

    Според првичните информации, невремето предизвикало и штети на земјоделските насади, кои се карактеристични за овој регион во овој период од годината. Метеоролозите од Федералниот хидрометеоролошки завод (ФХМЗ) предупредуваат дека нестабилното време ќе продолжи: „Локални врнежи и грмежи ќе има и во наредните часови, со можност за појава на град и во други делови од Босна и Херцеговина.“

    Прочитај повеќе

    Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината

    07.10.2026 во 11:15

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.