- Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе скопски населби
- УХМР со викенд најава: Пад на температурите и невреме, па нов пресврт
- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
Author: Author 03
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, утре ќе оствари работна посета на Република Полска. Ова е прва билатерална посета на министерот Муцунски на Варшава. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, особено економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови полски инвестиции, како и реафирмирањето на полската поддршка за македонската интеграција во Европската Унија. Воедно, ќе бидат разменети мислења за клучни регионални, европски, глобални и безбедносни прашања. Во рамки на посетата е предвидена тет-а-тет средба на двајцата министри, по…
Денешното рочиште за еден од најекспонираните судски процеси во земјата, „Онкологија 2“, заврши со парична казна. Судскиот процес е во прекин откако одбраната влезе во директен конфликт со Обвинителството околу начинот на презентирање на доказите. Проблематични „пакети“ со доказиТензијата кулминираше кога Обвинителството започна да изведува документација во големи „пакети“ од околу 180 страници одеднаш, наместо секој документ да биде поединечно презентиран. Адвокатката Анита Бегова, која го застапува обвинетиот Нехат Нухи, остро се спротивстави на оваа практика, тврдејќи дека со тоа се кршат стандардите за фер судење.Незадоволна од одлуката на судот да дозволи ваков начин на работа, Бегова демонстративно ја напушти…
Само 14 проценти од градовите во светот имаат воздух што ги исполнува безбедносните стандарди, покажува најновиот извештај за 2025 година на IQAir, пренесува Euronews. Ова претставува дополнително влошување во однос на претходната година и потврдува дека загадувањето останува глобален проблем. Но, состојбата во Македонија е уште поалармантна. Според истиот извештај, земјава е рангирана на 34 место во светот и на второ место во Европа според загаденоста со ПМ2,5 честички, веднаш зад Босна и Херцеговина, а пред Србија. Просечната концентрација изнесува 21,2 микрограми на метар кубен, што е три до пет пати над препорачаните граници. Овие честички, кои се помали од…
Додека светот со надеж гледа кон дипломатските сигнали за мир, нов извештај на „The New York Times“ открива поинаква динамика зад затворени врати. Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман (МБС), наводно, врши силен притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп да не запира со воените операции против Техеран. „Уништување, а не само преговори“ Според извори блиски до администрацијата во Вашингтон, МБС во неколку приватни разговори минатата недела му сугерирал на Трамп дека сегашната воена кампања е „историска можност“ за целосно реобликување на регионот. Тој смета дека заканата од Иран може трајно да се отстрани само со соборување на сегашниот режим, а не…
Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс би можел да ја предводи американската страна во мировните преговори со Иран во Пакистан, доколку тие се одржат, соопштија пакистански дипломатски извори, објави денеска „Гардијан“. Военото раководство на Пакистан се обидува да посредува во разговорите меѓу САД и Иран, а Белата куќа потврди дека началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, разговарал за конфликтот со Иран во телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп во неделата. Според дипломатски извори, Вашингтон и Техеран би можеле да се сретнат на разговори во Исламабад уште оваа недела за да разговараат за завршување на војната што започна пред речиси еден…
СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законски императивниот рок за избор на вицегувернери во Народната банка, велат од СДСМ. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на гувернерот. Со недоставување предлог, гувернерот директно ја блокира законската постапка и спречува Собранието да ја изврши својата уставна надлежност. Член 55 јасно утврдува дека испразнето место мора да се пополни најдоцна во рок од два месеца…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите. Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите. – Ако претходно сме имале еден до два случаја неделно, сега имаме по неколку дневно. Само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството.…
На 23.03.2026 во 19:20 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, на влез за с.Рогачево, општина Јегуновце, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(20) од с.Јажинце, општина Јегуновце, излетало од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.З.(20) од с.Јажинце, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Во Уставниот суд денеска се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“, организирана со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На настанот воведно излагање имаа претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, како и претставници на институции, експертската и академската јавност. Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, ја истакна потребата од поддршка за донесување на Закон за Уставниот суд, како и нужноста од уставни измени со кои ќе се прошират надлежностите на Судот во заштитата на правата…
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев, денеска на свечена церемонија во Анкара потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за култура и туризам и Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ Во своето обраќање, министерот Љутков нагласи дека културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на нејзиниот простор. „Унапредувањето на културните особености на сите заедници што живеат во Македонија е наш приоритет, бидејќи сите заедно придонесуваме кон богатата културна ризница по која нашата земја се издвојува во европскиот културен мозаик“, рече Љутков. Тој додаде дека овој меморандум означува нова фаза во културната соработка меѓу Македонија…
