Close Menu
Press24
    Најново

    Парите остануваат на сметките, но повлекувањето е ограничено – што треба да знаат клиентите на АЛТА банка?

    02.11.2026 во 08:44

    Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

    02.11.2026 во 08:41

    Скопјанка со години трпела голгота – Сопругот ја истепал и избркал од дома

    02.11.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Парите остануваат на сметките, но повлекувањето е ограничено – што треба да знаат клиентите на АЛТА банка?
    • Од полноќ нови цени на горивата во Македонија
    • Скопјанка со години трпела голгота – Сопругот ја истепал и избркал од дома
    • Ноќен инцидент во Скопје: Ѝ го полиле автомобилот со запалива течност и го запалиле
    • Скопјанка се јавила во полиција: „Другарката ме нападна во такси”
    • Хорор за малолетничка од Македонија: Мајка и прекршила судска одлука и ја претепала
    • Драма во Скопје: Свекрва си ја пријавила снаата во полиција
    • Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери утринските температури и најави пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home »  Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

     Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

    24.03.2026 во 17:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев,  денеска на свечена церемонија во Анкара потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за култура и туризам и Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ

    Во своето обраќање, министерот Љутков нагласи дека културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на нејзиниот простор.

    „Унапредувањето на културните особености на сите заедници што живеат во Македонија е наш приоритет, бидејќи сите заедно придонесуваме кон богатата културна ризница по која нашата земја се издвојува во европскиот културен мозаик“, рече Љутков.

    Тој додаде дека овој меморандум означува нова фаза во културната соработка меѓу Македонија и земјите членки на ТУРКСОЈ, развој на заеднички проекти во областите на културата, уметноста, литературата, сценските уметности, музејската и библиотечната дејност, размена на уметници и ансамбли како и зближување на народите, промоција и зачувување на културното наследство.

    Генералниот секретар, Раев, рече дека потпишаниот Меморандум не претставува само документ за институционална соработка, туку и значаен чекор кон зајакнување на културното зближување меѓу народите, поддршка на зачувувањето на културното наследство и поттикнување на уметничкото творештво.

    Тој додаде дека турската заедница во Македонија, со своето богато историско и културно наследство, е нераскинлив дел од турскиот свет и претставува мост меѓу различните култури.

    Со потпишувањето на Меморандумот, се отвораат нови можности за промоција на богатото културно и уметничко наследство на Македонија во земјите членки на ТУРКСОЈ — Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, како и за унапредување на меѓународната културна соработка и туризмот.

    Прочитај повеќе

    Скопјанка со години трпела голгота – Сопругот ја истепал и избркал од дома

    02.11.2026 во 08:36

    Ноќен инцидент во Скопје: Ѝ го полиле автомобилот со запалива течност и го запалиле

    02.11.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.