Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

    Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

    24.03.2026 во 22:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. 

    Каранфилова Пановска посочи дека мерката на Владата за намалување на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати на 10% е задоцнета и недоволна, а реалниот товар од кризата ќе падне врз граѓаните.

    „Не може да имаат граѓаните заштеда, особено не во милионски суми, ако денеска дизелот не чини 3,5 денари повеќе отколку што не чинеше во неделата. Дизел горивото за последниве 3 месеци ја крена цената за повеќе од 50%, а Владата се фали дека конечно по три недели откако почна овој последен циклус на економска криза, со една единствена мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10%. СДСМ цени дека оваа мерка прво е задоцната, а второ воопшто не е доволна“, рече Каранфилова Пановска.

    Таа додаде дека во услови на сериозна економска криза, потребен е сеопфатен и стратешки пристап со мерки насочени кон најпогодените категории граѓани. 

    „Најмалку што треба е да се спроведат сет на мерки кои што ќе таргетираат посебни категории на граѓани. Освен ценовните шокови, нам ни се случува паралелно и една криза на понудата. И кога се случува криза на понудата, нема што друго да очекувате, освен сериозна инфлаторна спирала. И тука се бараат мерки за сите граѓани, но пред се за оние граѓани кои се во социјално загрозена категорија, за земјоделците, за сите транспортни компании, за сите енергетско зависни гранки од индустријата, за да може некако да се амортизира овој ценовен шок. Во спротивно, граѓаните дополнително ќе осиромашуваат“, рече Каранфилова Пановска.

    Во интервјуто Каранфилова Пановска посочи дека голем дел од граѓаните живеат под прагот на сиромаштијата и тешко ќе се справат со ваквите ценовните шокови доколку Владата не им помогне.

    „Мора да се направат приоритети, мора да се направи сериозна стратегија и мора да се излезе со еден интервентен пакет на мерки кои што ќе го заштитат стандардот на граѓаните.Имаме над 150.000 работници кои што живеат под прагот на сиромаштијата со примања под 30.000 денари. Синдикалната кошничка ако живеете под кирија е 83.000 денари, значи дека не стасуваат ниту 4 отприлика минимални плати за да може да се  сервисираат месечните трошоци. И ова што владата седи будно надгледува како стандардот на граѓаните тоне, нема што друго освен или не сакаат, не ги интересираат, односно имаат други калкулации за тоа да овој ценовен удар се прелее практично како приход во буџетот или не знаат како“, рече Каранфилова Пановска.

    Притоа, таа потсети дека СДСМ во време на најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, покажа вистинска грижа за сите граѓани преку различни пакети на антикризни мерки во износ од 2 милијарди евра, наменети и за граѓаните и за компаниите. 

    „Ако владата ги прифатеше нашите 4 мерки ќе имавме денеска за 10,5 денари поевтин дизел, а за 14,5 денари поевтин бензин. Апсолутно имаме и знаење и начини како тоа треба да се направи, но проблемот е во тоа што Владата на ДПМНЕ и Мицковски е премногу суетна, очигледно, да ги прифати и овие мерки кои што ги кажавме. Односно  дека  ДДВ -то кај енергенсите треба да се намали до 18%, на 5%, дека претходно треба да се намали цената на акцизата за 4 денари за да реално осетиме пад на цените. Треба да се сведе на 0% ДДВ-то кај основните прехрамбени производи и за да некако им се излезе во пресрет и на транспортните компании кои имаат трошок што практично влегува како еден од главните инпути во производствените трошоци, да се преполоват патарините“, рече Каранфилова Пановска.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.