Судењето за Раде Трајковски–Штекли и уште неколкумина обвинети за организирана набавка и продажба на дрога беше одложено, откако Трајковски пред почетокот на денешната расправа доби епилептичен напад. Екипа на Брза помош интервенираше, а лекарите пред судот наведоа дека по прегледот бил контактибилен, но дезориентиран – состојба што е вообичаена по ваков напад. Трајковски одбил да прими терапија, образложувајќи дека зема друга терапија во затвор. Судијата Илија Трпков реши обвинетиот да биде префрлен во друга просторија, додека расправата привремено да продолжи со вкрстени прашања на одбраната. По барање на адвокатот Сашко Дуковски, сепак, рочиштето беше одложено. „На Раде Трајковски дијагностицирана му…
Повеќе