Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Портокалово предупредување: Висока опасност од пожари низ земјава, ЦУК со апел до граѓаните
    • Анализите потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење
    • ФОТО: Имаше само 36 години – Последната објава на славната актерка денови пред смртта ги растажи фановите
    • СДСМ: Каде се дневните анализи на водата во Гостивар?
    • Утрово во 8 часот: Ова се температурите низ Македонија – Подгответе се за невреме
    • Од денеска поскап бензин и дизел
    • Почна уписот на УКИМ – Колку слободни места има на факултетите?
    • Исклучување во 8:30 – Неколку скопски улици без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Османи: Нека знае Мицкоски – во Чаир не ни може ништо

    Османи: Нека знае Мицкоски – во Чаир не ни може ништо

    02.10.2025 во 14:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, испрати силна порака до политичките опоненти, истакнувајќи дека еден од главните мотиви за неговата директна и бескомпромисна кампања е токму фактот што е независен од било чии влијанија.

    „Мене ниту можат, ниту некогаш ќе можат да ме условуваат или да влијаат врз моите ставови. И затоа сум толку гласен“, изјави Османи.

    Тој оцени дека токму таа принципиелност го раздвижи Чаир, дека река од луѓе излегоа на улица да испратат порака дека не прифаќаат притисоци, уцени и страв.

    „И затоа Чаир се претвори во река пред неколку дена. Кога си во опозиција, луѓето обично се плашат да излезат јавно. Луѓето масовно излегоа за да кажат: вие не можете да не уценувате и да ни се заканувате, и покрај се што се правеше во училиштата, во градинките. Луѓето излегоа и рекоа: сакаат промена овде.

    И таа порака треба да ја добие и Мицкоски“, рече Османи.

    Во обраќањето до јавноста, Османи истакна дека клучната порака на неговата кампања е достоинство и еднаквост за сите заедници.

    „Почитувањето на волјата и достоинството на Албанците овде е неопходно за една стабилна мултиетничка држава“, порача Османи.

    Тој информираше дека вчера бил на терен кај македонската заедница во Чаир, со јасна порака дека нема место за поделби и провокации.

    „Им реков: не грижете се. Провокациите што ни ги прави премиерот, нема да можат да ги минат границите на Чаир. Овде сите ќе бидеме почитувани, овде сите ќе бидеме еднакви“, рече Османи.

    Тој најави конкретни чекори во заштита на правата на сите граѓани на Чаир, особено ако Владата продолжи да урива институционални механизми за етничка рамноправност.

    „Ако тој го укине балансерот, јас овде ќе создадам фонд за правична застапеност на заедниците. Ако ми го укине албанскиот јазик, јас овде ќе создадам оддел за јазиците на малцинствата што живеат во општина Чаир. Затоа што соживотот е срцето на Чаир, а јас ќе се грижам за тоа, како што човек се грижи за своето срце“, изјави Османи.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Каде се дневните анализи на водата во Гостивар?

    18.08.2026 во 08:32

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.