Author: admin_press24

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, испрати силна порака до политичките опоненти, истакнувајќи дека еден од главните мотиви за неговата директна и бескомпромисна кампања е токму фактот што е независен од било чии влијанија. „Мене ниту можат, ниту некогаш ќе можат да ме условуваат или да влијаат врз моите ставови. И затоа сум толку гласен“, изјави Османи. Тој оцени дека токму таа принципиелност го раздвижи Чаир, дека река од луѓе излегоа на улица да испратат порака дека не прифаќаат притисоци, уцени и страв. „И затоа Чаир се претвори во река пред неколку дена. Кога си во опозиција, луѓето обично…

Повеќе

Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуасо кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје.Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.Четвртото интервју е на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје (Независни заедно) ПРЕС 24: Јавниот градски превоз е една од…

Повеќе

Вечерва сме собрани овде – обединети, горди и силни да покажеме дека ние знаеме како, можеме и мораме да работиме за развој и напредок на Кавадарци. Изминатите 8 години се вложив максимално посветено да направам од Кавадарци модерна и урбанизирана општина. Затоа денеска стојам гордо и ја барам вашата поддршка по трет пат, за да продолжиме да работиме чесно, одговорно, и да ја градиме и развиваме Општина Кавадарци заедно со проекти и дела, вели Митко Јанчев, кандидат за градоначалник во општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг.

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност. „Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно е зошто е така. Безидејноста доаѓа од фактот што немаат што да кажат. Што да каже ВМРО-ДПМНЕ? Со што да се пофали? Нема ништо, нема ниту еден проект, ниту една политика во интерес на граѓаните. Економијата потона, граѓаните потешко живеат,“ рече Филипче.

Повеќе

Инцидент на ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер во Скопје. Навивачите на Пелистер, Чкембарите, беа пуштени во салата дваесетина минути по почетокот на мечот. Тие практично веднаш откако влегоа во салата фрлаа факели што предизвика и физичка пресметка со останатиот дел од публиката. На крајот го извлекоа подебелиот крај бидејќи добија и ќотек.Вардар славеше со 31:28

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот од голем европски конфликт е висок и дека „светска војна може да избувне поради една грешка“ на некоја од големите сили. „Конфликтот е толку напнат што ако еден од големите играчи направи грешка, сè е можно, дури и светска војна,“ рече Орбан пред почетокот на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Копенхаген. Тој повтори дека Будимпешта е против членството на Украина во ЕУ, предупредувајќи дека тоа би значело „да влезе војната во Европската унија“ и дека европските пари би се пренасочиле кон Киев. Како алтернатива, Орбан предлага стратешки договор за европско-украинска соработка…

Повеќе

Денеска (01.10.2025) од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходна судска наредба извршени се претреси на три локации на подрачјето на Ѓорче Петров при што лишен од слобода е Д.Б.(24) од Скопје затоа што при извршен претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени кокаин, марихуана и пари, информира МВР. По целосно документирање на случајот поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РСМ.

Повеќе