Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Украински дронови и ракети погодија цели низ цела Русија, на удар и Москва

    Украински дронови и ракети погодија цели низ цела Русија, на удар и Москва

    10.06.2026 во 09:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Воените сили на Украина во текот на ноќта и утринските часови извршија координирани напади со дронови и ракети врз повеќе руски градови и стратегиски региони, соопштија официјалните руски власти.

    Според првичните извештаи, на удар се најдоа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и витални инфраструктурни објекти во Владимирската област.

    Соборени летала во околината на Москва

    Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана во текот на целата ноќ биле активни во поширокиот реон на главниот град.

    „Одбиен е напад од четири дрона во самиот град, а во текот на ноќта и утрото на поширокото подрачје беа соборени вкупно 12 украински беспилотни летала. Службите за вонредни состојби работат на местото на падот“, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

    Ракетен удар во Чувашија

    Најкритична е состојбата во Чебоксари, каде што украинските сили употребиле тешко ракетно вооружување.

    „Шефот на Чувашката Република, Олег Николаев, соопшти дека Чебоксари бил погоден од ракетен напад и оти бројот на жртви и оштетени објекти сè уште се утврдува. Во регионот и понатаму е активна ракетната закана.“

    Пожари на инфраструктурата

    Нападот предизвика сериозни штети и пожари во Владимирската и Самарската област. Во Каменсковскиот и Александровскиот округ горат два инфраструктурни објекти, додека во Новокујбишевск дрон паднал во круг на локално претпријатие предизвикувајќи пожар.

    Во Ростовската област, по неколкучасовна борба со огнот, ситуацијата е ставена под контрола откако претходно беше запален резервоар за гориво во цивилен објект.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.