- Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
- Кривична против полицајци од Интервентна, употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице
- Тензии во воздухот: Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски авион над Црното Море
- Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
- Кривична за жител на Слупчане и државјанин на Турција, нелегално увезувале јод
- Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ
- Паѓа цената на нафтата
- Каде да одите на одмор според хороскопскиот знак?
Author: admin_press24
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Демир Капија, во рамки на кампањата за локалните избори, го обвини СДСМ дека преку „малкумина лакеи“ во обвинителството и судството опструира големи случаи на корупција. „Нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството… иако истражните органи сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ,“ рече Мицкоски. Тој додаде дека „грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази,“ најавувајќи кадровски промени по локалните избори: „Локалните избори ќе завршат и…
Судењето за Раде Трајковски–Штекли и уште неколкумина обвинети за организирана набавка и продажба на дрога беше одложено, откако Трајковски пред почетокот на денешната расправа доби епилептичен напад. Екипа на Брза помош интервенираше, а лекарите пред судот наведоа дека по прегледот бил контактибилен, но дезориентиран – состојба што е вообичаена по ваков напад. Трајковски одбил да прими терапија, образложувајќи дека зема друга терапија во затвор. Судијата Илија Трпков реши обвинетиот да биде префрлен во друга просторија, додека расправата привремено да продолжи со вкрстени прашања на одбраната. По барање на адвокатот Сашко Дуковски, сепак, рочиштето беше одложено. „На Раде Трајковски дијагностицирана му…
Вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа повторно на улица и блокираа неколку крстосници во Град Скопје, со цел да го изразат своето незадоволство за доцнењето на платите за месец август. Претседателот на Синдикалната организација на „Паркови и зеленило“ вели дека иако очекувале дека ќе наидат на разбирање од надлежните институции, сепак оттаму не добиле никакви конкретни чекори, само ветувања. Иако се е сработени во паркови и зеленило, може и самите да видите, плата нема. Зошто нема плата и има двојни стандарди кон ова претпријатие, ситедруги имаат и плати и К15, нас…
Кандидатот за градоначалник на Конче, Златко Ристов ќе направи сè за жителите на Конче, за подобри услови за живот, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Конче. Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции. Треба да се гласа така за да се стави крај на корупцијата и корумпираните политичари. Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата, а истовремено ја омаловажуваат Македонија не треба да бидат на политичката сцена. Сетете се само какви понижувања им приредија на граѓаните и на Македонија…
Германската полиција преку својот профил на платформата X извести дека сите полициски проверки на плоштадот Терезин во Минхен, каде што се случува Октоберфест, се завршени. Од страна на надлежните е проценето дека учесниците и гостите на манифестацијата не се изложени на никаков ризик. „Полициските мерки на Терезин се завршени. Не е забележана никаква опасност. Октоберфест се отвора во 17:30 часот“, стои во објавата на германската полиција на Х, објави Билд. Терезиенплац е јавен простор лоциран во областа Лудвигсворштат-Исарворштат во Минхен, со површина од 42 хектари. Тој е најпознат како местото каде што се одржува познатиот фестивал на пивото Октоберфест, кој…
Раната превенција од рак на дојка е клучен момент – и токму тука Македонија потфрла. Повеќе од 70% од пациентките со рак на дојка испитувањата ги прават на приватно заради премногу долгото чекање за термини во државните болници, ова го покажуваат податоците на здружението Хема Онко кои во месец октомври кој е посветен на борбата против ракот на дојката се приклучуваат кон кампањите за подигнување на свеста за ова малигно заболување. На самиот настан со убав гест пациентите беа поздравени и охрабрени за нивната борба од случаен минувач кој даде поддршка на работата на зздружението Хема онко кој се фокусирани…
Есен ни чука на врата и октомври почнува променливо: првите неколку дена носат облаци, краток дожд и поостро заладување, па утрата се студени, а дневните температури се движат меѓу десетина и деветнаесет степени. Ништо драматично, само оној типичен есенски потсетник да не излегуваме без јакна. Потоа времето се смирува и од 5 до средината на месецот имаме серија убави, сончеви денови. Термометрите се качуваат до пријатни 20–22 степени, со свежи утра и многу пријатни попладниња за прошетка, кафе на тераса и последни „летни“ излети. Кон третата седмица повторно влегува облачност и следи постепен пад на температурите. На 21 и 22…
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Европската унија за двојни стандарди во проширувањето, наведувајќи дека земји-членки како Грција и Бугарија со години ги блокираат процесите кон Македонија и Србија без да бидат обвинети за поткопување на единството на Унијата. Во интервју за РТС, Сијарто посочи дека, спротивно на тоа, Унгарија е мета на критики кога ќе го искористи правото на вето за Украина. „Дали тогаш некој ги обвини тие земји за поткопување на европското единство? Секако не,“ изјави Сијарто, додавајќи дека секогаш кога Унгарија ќе го искористи правото на вето „стануваме жртва на политички напади“
