- Бугарски европратеник се закани со ново вето за Македонија и тврди дека Вајц работи под диктат на Мицкоски
- Иновации во земјоделството: „Адили Фарм“ започна со берба на ексклузивната печурка Морел
- Ѓорѓиевски, Стефковски и Стојкоски поделија хуманитарни пакети за семејствата од социјален ризик: Малите дела создаваат голема надеж
- Приведени „рекордери“ на патиштата: Гостивар, Скопје и Делчево со најмногу возачи без дозвола
- Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство и АНБ
- Директор на ученички дом во Крива Паланка си пишувал прекувремени часови додека бил на одмор
- Инвестиција од 91 милион денари за Враништа: Мицкоски и Хоџа го означија почетокот на изградбата на канализационата мрежа
- Нова урбана оаза кај „Капитол Мол“: Општина Аеродром и „Сити Плаза“ градат модерно катче за граѓаните
Author: admin_press24
Во последните шест месеци Владата ги зголеми платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста. Ова денеска го велат од Владата. – Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април. Со ова го враќаме изгубеното достоинство на просветните работници кои ги создаваат идните генерации во државата, велат од Влада. Додаваат дека здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15…
Голем пожар избувна спроти Клиничкиот Центар во Скопје, каде утринава може да се забележи густ, црн чад. Според првичните информации, автомобил е во пламен, а пожарот има опасност да се прошири, јавува Курир. На терен се полицијата и противпожарните служби, како и вознемирените граѓани. Се очекуваат повеќе детали.
За само 6 месеци, Владата ги покачи пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари. Ова денеска преку соопштение го велат од македонската Влада. – На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија. Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци. Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и…
Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во таа земја. Некои од најубавите грчки острови се на удар на многу силно невреме, најтешко се погодени Миконос и Парос, а после невремето владее хаос. Парос вчера попладне го зафати силен дожд кој за неверојатно краток временски период ги претвори улиците во реки. Водата носеше автомобили, влегуваше во домовите носејќи се пред себе. Врнеше со часови, а спасувачите многу тешко интервенираа. Припадниците на противпожарната служба добиле стотици повици за помош. Припадниците на Секторот за вонредни ситуации биле испратени на островот со хеликоптер, кој на крајот…
Дури 19 воени бродови го опколија Тајван за само 24 часа, вклучувајќи ја и групата носачи на авиони Шандонг, а официјален Пекинг објави дека големите воени вежби имаат за цел да се вежба блокада на островот. Тајван веднаш реагираше и испрати свои авиони и бродови. Исто така, беше наредено да се распоредат ракетни системи распоредени на тајванското копно, а Пекинг беше обвинет дека е „најголемиот предизвикувач на проблеми во светот“. Според британскиот весник Дејли Меил,Кинеските вежби уследија откако американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во Јапонија изјави дека САД ќе ѝ обезбедат „веродостојно одвраќање“ на Кина преку Тајванскиот теснец. Дали…
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди пред англиските медиуми дека најдобриот играч во тимот, Букајо Сака, се враќа од повредата и ќе биде во конкуренција за настап на следниот првенствен меч против Фулам. Ова се одлични вести за навивачите на „топчиите“, затоа што автоматски Сака ќе биде подготвен за игра и против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Букајо е подготвен за враќање на терените. Сакаме да ја дозираме минутажата, иако тој инсистира да игра повеќе. Ќе се обидеме паметно да ја менаџираме неговата ситуација, бидејќи ни е потребен и во Лигата на шампионите. Знаеме какво влијание има врз…
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ова лето би можел да се пресели во Реал Мадрид, пренесува „Sky Sports“. Како што забележува британскиот медиум, 40-годишниот фудбалер сака да игра на Светското клупско првенство во 2025 година, за кое саудискиот клуб не успеа да се квалификува и затоа ја разгледува опцијата да потпише краткорочен договор со Реал Мадрид. ФИФА ќе отвори специјален трансфер прозорец од 1 до 10 јуни, а Португалецот ќе има можност да потпише договор со „Кралевите“ за еден турнир. Роналдо му се приклучи на Ал Наср на крајот на 2022 година. Неговиот договор со Саудијците трае до јуни 2025…
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс забележаа многу важна победа во борбата за што подобра позиција пред плеј-офот во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен против Хјустон рокетс со 104-98. Лука Дончиќ повторно беше еден од најдобрите во својот тим завршувајќи со 20 поени, а мечот го одбележа и неговиот потег против центарот на противникот, Алперин Шенгун.
Цените на златото надминаа 3.100 долари за унца, при што инвеститорите стравуваат дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го ограничат економскиот раст, како и со континуираната побарувачка од централните банки. На физичкиот пазар унца злато се тргува по 3.133,29 долари и е повисока од вчера. Само од почетокот на годината златото поскапе за околу 18 отсто. Во 2024 година, неговата цена скокна за околу 27 отсто, поттикната, меѓу другото, од побарувачката од централните банки. Во последно време, импулс на цените им дадоа и најавите за американски царини. Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди пресудата против француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен со неговите сопствени судски процеси во САД. Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“. – Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас, рече Трамп, кој минатата година беше осуден во случајот за скриени исплати кон порно актерка. Тој, исто така, изрази уверување дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „исполни својата страна од зделката“, откако вчера го изрази своето незадоволство од пречките што го забавуваат мировниот договор…
