Author: admin_press24

Во Република Северна Македонија, Премиерот целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството. Тој ја диктира динамиката на процесите, јавно ги определува осомничените и виновните уште во првата фаза, дури и пред обвинителството да започне истрага. Тој на јавна сцена демонстрира незаконска политичка моќ да го контролира процесот на разрешување и запирање на разрешувањето на јавниот обвинител, не штедејќи притоа и закани за уличен јавен линч, велат од ДУИ. „Истражувањето на трагедијата во Кочани претставува најгротескен пример на селективна правда што некогаш се случил во земјава. Овој процес се претвори во карикатура на правна истрага, каде што сите се виновни,…

Повеќе

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова, Росица Кулакова се огласи на фејсбук, по неколкудневното обвинување дека иницијативата која организираше протести „Кој е следен“, сепак не е толку граѓанска.  Таа вели дека се чувствуваат злоупотребени.

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа гостуваше во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани“, кадешто граѓаните можеа телефонски да донираат средства за настраданите сограѓани од пожарот во Кочани. Во студиото на Канал 5 телевизија, Герасимовски порача дека во овие тешки денови мораме сите ние да бидеме заедно, сплотени и хумани, а политиката да ја тргнеме настрана. На прашање на новинарката дали општината има донирано, Герасимовски информираше дека Општина Центар донирала, но и тој самиот исто така ја донирал својата плата за настраданите. „Во овие тешки моменти, во оваа болка со која сите ние се соочуваме да…

Повеќе

Викендов почнува летното сметање на времето, со што ќе имаме подолг ден. На 29. март во 02:00 часот се поместуваат стрелките за еден час нанапред, па така времето во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот. Промените во телесниот часовник може да доведат до проблеми со спиењето кои траат со недели, а научните истражувања покажуваат дека постои зголемен ризик од срцеви и мозочни удари веднаш по преминувањето на новото време. Покрај тоа, летното сметање на времето е поврзано и со пораст на сообраќајните несреќи, особено во утринските часови. Телесниот часовник, или деноноќниот ритам, се регулира преку изложеноста на светлина. Утринското…

Повеќе

Сојузот на синдикати на Македонија денеска треба да се изјасни за следните чекори што ќе ги преземе во однос на минималната плата откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ согласно законски утврдените критериуми. Се очекува седница да одржи Претседателството на синдикатот на која ќе се разговара за натамошните чекори. Според ССМ, одлуката на Владата не е законска затоа што согласно член 4 став 5 од Законот за минимална плата, министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата во…

Повеќе

Грчката армија завчера го прослави Денот на назависноста. На видеото што е објавено на мрежата „Х“ се слуша како војнците извикуваат „Македонија е грчка“, Е.и се Турција“ и Кипар е грчки“. „ГРЦИЈА-ГРЦИЈА“„Кипар е грчки, а Македонија е грчка“„Ф**к Турција“Уште едно вознемирувачко скандирање од Денот на независноста на Грција – овој пат од грчката армија.Грција мора да ги почитува суверените права и на кипарските Турци и на Македонците.Фашизмот не е патриотизам! pic.twitter.com/B6ZTkngC80— Македонски непокор (@MNepokor) March 27, 2025

Повеќе

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје. Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Х.(52) од…

Повеќе

Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти и ќе се прилагодува на новите предизвици со една цел, подобар, побезбеден и поквалитетен живот за сите граѓани, порача министерот за одбрана Владо Мисјаловски, на свеченоста што се одржува денеска во касарната „Илинден“ во Скопје по повод 5. годишнината од пристапувањето на Република Македонија во НАТО Алијансата. Мисајловски, осврнувајќи се на неодамнешната трагедија со пожарот во Кочани, посочи дека живееме многу тежок период од нашата независност и оти денеска нема само да го одбележиме овој…

Повеќе

Надреално видео од Покемон кој наводно бега од полицијата за време на протестите во Турција стана вирална. Имено, некој облечен како Пикачу е снимен како бега од полицијата која брка демонстранти. Снимката наводно е направена во Анталија. Виралното видео, кое нашироко се споделува на социјалните мрежи, се чини дека потекнува од турскиот фоторепортер Исмаил Коџеролу. Исмаил во четвртокот објави видео на својот Instagram профил, на кое се гледа како костимиран демонстрант бега со толпа граѓани. View this post on Instagram A post shared by ismail koçeroğlu (@ismailkoceroglu)

Повеќе

Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа главните аспекти од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Македонија. Амбасадорот Рокас ја нагласи силната поддршка од Европската Унија преку конкретни финансиски и стратешки мерки кои ќе овозможат забрзување на реформите, подобрување на социо-економските услови и приближување на Македонија кон членството во ЕУ. Министерот Муртезани се осврна на значењето на јасната, транспарентна и ефективна комуникација со граѓаните, претставувајќи го Планот за комуникација и видливост на Планот за раст…

Повеќе