Дожд, па сонце - по летните температури следува драстична промена на времето

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне претежно сончево, попладнево со умерена, а во западните делови и со значителна облачност. Дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

До крајот на денот облачноста ќе се зголемува, а во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Во текот на ноќта облачно, на запад со врнежи од дожд и грмежи.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. До крајот на денот атмосферата ќе се стабилизира.

Т-мин. од 11 до 18, а т-макс. од 21 до 27 степени. УВ=5

Во Скопје променливо облачно, претпладне и околу пладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југозападен ветер. Т-ра: 17 / 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе достигнува од 30 до 35 степени).

 

Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

 

 

 

 

09.09.2017 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега