Гир: Уставните измени се прашање кое новата влада ќе мора да го реши
Евроамбасадорот Дејвид Гир не смета дека ситуацијата во државата се има драстично променета од пред изборите и по нив, во однос на уставните измени. Во гостувањето на Телма рече дека по речиси двегодишни макотрпни преговори со Бугарија се постигнал договор со кој се одблокираш евроинтеграцискиот процес на државава.
-Дел од тој договор беше дека ќе има промени во Уставот, за вклучување на луѓето кои се идентификуваат како Бугари под заштитата на самиот Устав. Тоа не е променето. Сѐ уште е таква ситуацијата. Значи, тоа ќе биде прашање кои новата Влада ќе мора да го реши, директно. Секако, новата Влада можеби ќе ја искористи опцијата да разговара со Бугарија, но отсекогаш велев дека имаме договор кој беше постигнат со големи тешкотии, тешко ми е да замислам дека би било можно да се пронајде подобар договор, и не гледам можност за промени во преговарачката рамка, рече Гир.
Вели дека Владата мора да се вклучи и да размисли како понатаму ќе постапува по ова прашање, фокусирајќи се на клучната цел, а тоа е оваа земја одлучно да напредува кон ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа