Велешанец извршил кражба во фирмата во која бил вработен, полицијата го приведе

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес го лишиле од слобода А.Н.(42) од село Сојаклари, велешко.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен.

Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

06.06.2024 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега