Две лица повредени во сообраќајка после наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес

Две лица од Прилеп се полесно повредени во денешната сообраќајна несреќа после наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес.

-И двајцата се вон животна опасност и по неколкучасовна опсервација во велешката Општа болница самите побарале и биле пуштени на домашно лекување, информира за МИА МаријаТрајковска, главна сестра на ЈЈУ Општа болница Велес.

Со возило на итна помош претходно биле донесени во Ургентниот центар на велешката болница и им била направена томографија на глава и биле оставени во болница на опсервација.

06.06.2024 - 20:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега