Реакција на МНР на ставови на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов, изнесени во емисијата „Само вистина“

Дозволете да ги отфрлиме шпекулации на Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, изнесени во емисијата „Само вистина“, за начинот на кој е создаван Предлогот на Европската Унија за содржината на преговарачка рамка и пропратните документи со кој Република Северна Македонија ги започна преговорите за полноправно членство со Унијата, велат од министерството за надворешни работи.

„Иако целта има дневна партиско - политичка цел, да се нанесе штета на улогата на дипломатијата на земјава, со ваквите неумесни шпекулации во најголем дел се омаловажува улогата и кредибилитетот на самата Унија. Во овие неумесни шпекулации ЕУ се посочува како некредибилен политички ентитет, кој добива инструкции од локални или партиски штабови за клучните одлуки кои ги поминуваат највисоките тела на европската администрација и се носат на највисоко ниво - на Самитите на Унијата.

Јавноста е добро запознаена со долготрајниот процес и активностите при изградбата на сложената позиција на Претседателството на Унијата, со цел да се овозможи почеток  на преговорите со Република Северна Македонија. Ако пристапиме хронолошки, основата започнува со таканаречениот Германски предлог, или предлог на Германското претседателство на Унијата; подоцна надграден од страна на Португалското претседателство, каде што полека израснува во општа основа на кое подоцна секое Претседателство со Унијата придонесуваше со свои предлози.

Јавноста беше известена дека неколкуте финални детали беа усогласувани и директно со Претседателот Макрон, на маргините на Мадридскиот самит на НАТО, чија содржина беше внимателно консултирана и меѓу носечките чинители на надворешната политика во рамките на државниот врв на земјава. Со оглед на тогашното француско претседавање со Унијата, овој финален предлог сега неформално се нарекува Француски предлог, иако тој претставува официјална позиција на Европската Унија, усогласена со консензус на сите 27 земји – членки, вклучувајќи ја тука и Република Бугарија.

Успехот да добиеме усогласена рамка и усогласена документација од страна на сите 27 земји – членки на Унијата, претставува голем, огромен успех на напорите на дипломатијата на Северна Македонија. Дополнително, овој успех беше остварен и со огромните напори и заложби на нашите стратешки пријатели и сојузници.

Сегашната неумесна девалвација и понижување на нивната работа, претставува директен атак против интересите на земјава, а е во целосна согласност со интерес на алтернативните светските центри на моќ, чии интереси не се интегративните аспирации на целиот регион“, стои во соопштението на МНР.

06.06.2024 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега