Опожарени два автомобили во Скопје

Денеска во 02.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Костурска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.И.Е. од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(44) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.  

06.06.2024 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега