Почна изградбата на училишен затворен базен во Општина Чаир

Во Општина Чаир денеска почна изградба на училишен затворен базен. Изградбата на базенот ќе чини околу 600 илјади евра.

Базенот се простира на површина 620 квадратен метри и е армирано-бетонски основи, челична фасада и покрив. Длабочината на базенот ќе биде од 80 сантиметри до 1,30 метри.

Училишниот базен на Чаир ќе може да се користи во летни и зимски услови и ќе биде со најсовремени стандарди.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу истакна дека иако со компанијата имаат договор да го завршат за 1,5 година, тој  очекува да биде готов во ноември.

-Денеска и јас сум среќен, но и сите овие професори по физичко воспитание и спорт што се тука, бидејќи нашите ученици ќе имаат можност да имаат школски базен и ќе има услови децата да ги научиме да пливаат. Овој базен нема да биде во функција само на учениците. Надвор од школскиот распоред, базенот ќе биде во функција на пливачките клубови што ќе се засноваат и што се во функција во моментот но не можат да ја обавуваат дејноста, рече Ганиу.

06.06.2024 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега