Тешка сообраќајна несреќа во Грција: возило од Србија се судри со автобус, еден загинат

Вчера се случи сообраќајна несреќа во Грција во која едно лице загина, додека други две се тешко повредени. Несреќата се случила вчераутро кога директно се судриле автомобил од Србија и автобус, јавува Нова.рс.

Грчките медиуми јавија дека во несреќата се повредени татко, мајка и дете. Жената од повредите починала денеска во болница и покрај напорите на лекарите. Мажот (41) е од Србија, додека мајката по потекло е од Хрватска, пишува Нова.рс.

Двегодишното дете кое беше повредено во несреќата итно е префрлено во болница во Солун. Полицијата во Грција работи на утврдување на околностите кои довеле до несреќата.

 
06.06.2024 - 18:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега